Дневно се испраќаат 400 милиони СМС пораки и уште 8 забавни факти за Филипините
Главна религија е христијанството
Повеќето Филипинци се христијани, односно околу 80% од нив се католици, а околу 8% православни. Втората најголема религија на островите е исламот – 5,6% од населението се муслимани. Религиите на домородното население, кои се практикувале уште пред да „пристигнат“ исламот и христијанството, ги практикуваат околу 2% од населението.
Главниот град е помеѓу првите најгусто населени градови во светот
Манила, главниот град на Филипините е помеѓу првите на листата на најгусто населени градови во светот. Во градот живеат околу 14 милиони жители, односно 42.857 жители на километар квадратен.
На Филипините се праќаат најмногу СМС пораки
Филипините се нарекувани и „главен град на СМС пораките“, бидејќи кон крајот на 90-тите тамошните жители испратиле повеќе пораки од кој било на планетата. Дури и денес, бидејќи им е поевтино од користење интернет, Филипинците рушат рекорди со СМС пораките – испраќаат околу 400 милиони пораки секојдневно.
Жителите се многу учтиви
Филипинците се навистина учтиви луѓе и скоро секогаш на странците им се обраќаат со госпоѓо/госпоѓице или господине, без разлика на возраста на соговорникот. Сепак, помладите жители им се обраќаат на врсниците со зборови кои можат да се преведат како „брат“ или „сестра“.
Овде многу се почитуваат и старите лица, а за нив, заедно со бремените жени и лицата со попреченост, секогаш има посебни редици во банки и слично.
Тајфуните се честа појава
Скоро секоја година Филипините се опустошени од тајфуни. Во 2013-та жителите се соочија со еден од најлошите тајфуни во историјата на островите – катастрофа во која загинаа најмалку 6.100 луѓе.
Спирова С. | Црнобело