Постојат повеќе вируси отколку ѕвезди во универзумот – 10 необични факти за Земјата
Планетата Земја е 20.000 пати постара од луѓето
Староста на планетата Земја е проценета на околу 4,5 милијарди години, а хомосапиенсот е на Земјата само околу 200.000 години.
Деновите стануваат подолги
Поради влијанието на Месечината, ротацијата на Земјата се забавува и поради ова деновите стануваат подолги.
Но, ова продолжување е занемарливо – денот се продолжува за околу 1,8 милисекунди во еден век. Ова значи ќе бидат потребни 3,3 милиони години за денот да се продолжи за една минута.
Во една кафена лажичка земја има од 100.000 до милијарда микроби
Бројот на микроби во една кафена лажичка земја според биологот Дијана Њуман е приближно ист со бројот на луѓе кои во моментот живеат во Африка.
Постојат повеќе вируси отколку ѕвезди во универзумот што можеме да го набљудуваме
Земјата е преполна со вируси. Проценето е дека има 10 нонилион индивидуални вируси на планетата. Тоа е доволно за да доделиме по 100 милиони вируси на секоја од ѕвездите во универзумот којшто можеме да го набљудуваме
Земјотрес со јачина од 12 степени теоретски може да ја подели Земјата на половина
Би било теоретски невозможно да се случи земјотрес со јачина од 12 степени според Рихтеровата скала, бидејќи за него ќе треба расед, однсно расцеп на земјата голем колку планетата. Но доколку се случи, истиот би бил посилен за 10.000 пати од најстрашниот земјотрес досега.
(О)Милена | Црнобело