Постојат повеќе вируси отколку ѕвезди во универзумот – 10 необични факти за Земјата
Знаевте ли дека јадрото на Земјата има речиси иста температура како површината на Сонцето? А, знаевте ли дека ротацијата на нашата планета забавува поради што денот станува подолг?
Прочитајте ги следните интересни, но и по малку застрашувачки факти за планетата Земја:
Земјиното јадро е топло како површината на Сонцето
Според геохемичарот Пол Асимов, речиси сигурно е дека јадрото на планетата Земја е речиси исто жешко како површината на нашето Сонце.
Земјата е радиоактивна
Се претпоставува дека од внатрешноста до површината на Земјата се емитуваат околу 47 теравати топлина, а дел од оваа топлина потекнува од радиоактивното распаѓање на некои елементи во нејзините слоеви.
Според Том Крафорд, координаторот на програмата за минерални ресурси во САД, токму оваа внатрешна топлина која се создава од распаѓањето на одредени елементи ја прави планетата така гостопримлива и полна со живот.
Мовта е насекаде околу нас
Мов можеме да најдеме на сите видови почва, на асфалти, на згради и каде било каде што има доволно вода.
Интересно за мовта е дека таа може да ја собере водата директно од воздухот со помош на своите специјализирани влакненца кои излегуваат од ливчињата.
Морињата би можеле да се покачат за 80cm до 2100 година
Според експертите, климатските промени можат да предизвикаат зголемување на нивото на морињата за дури 80cm во следните 80 години. Ова може да биде сериозна закана за островските земји, губење на долгите, плитки плажи и губење на цели морски екосистеми.
Облаците помагаат да се регулира температурата на Земјата
Облаците се како „атмосферско ќебе“ за Земјата и помагаат во регулирање на нејзината температура на површината. Во текот на денот, облаците рефлектираат дел од сончевата светлина и со тоа го спречуваат претераното загревање на Земјата.