Производи за кои нема да верувате дека се создадени во иста година
Знаевте ли дека вештачките дијаманти се измислени во 1954 година, исто како и микробрановата печка?
Светот располага со навистина неверојатни иновации, генијалности пронајдени во текот изминатите векови, па сѐ до денес.
Секоја генерација има своја прилика, која всушност придонесува специфичност во начинот на живеење.
Повеќето од нив, не само што освоија поени за нивните пронајдоци и подобрувања, туку воедно станаа и обележја на нивните културни епохи.
Со текот на годините кујнските апарати го намалија времето за подготвување оброци, црно-белите филмови се „претворија“ во филмови во боја, најдовме поедноставен и подобар начин да ги илустрираме нашите најубави спомени од патувањата...
Некои пронајдоци се толку сеприсутни што чувствуваме дека постојат отсекогаш, а дел од нив се понови отколку што може да замислите.
Во продолжение ви издвојуваме 10 производи кои верувале или не, се создадени во истата година:
1. Култниот Мики Маус за првпат се појави во 1928 година, истата година кога бил измислен исечениот леб.
2. Самолепливите ливчиња се измислени во 1974 година, истата година кога првиот баркод бил скениран во еден супермаркет.
3. Интернетот е измислен во 1969 година, исто како и лижавчето со гума за џвакање.
4. Компјутерското глувче и добропознатото „смајли“ биле измислени во 1963 година.
5. Во 1957 година Советскиот Сојуз го лансираше првиот сателит, а истата година двајца американски инженери случајно ги измислиле обожаваните обвивки со меурчиња.
6. Вештачките дијаманти се измислени во 1954 година, исто како и микробрановата печка.
7. 1938 година e годината на млечниот сладолед и „модерните“ пенкала.
8. Прекинувачот и патентот се измислени во 1917 година.
9. Легендарното Нинтендо за првпат се појави во 1985 година, како и Кока-колата со вкус на цреша.
10. Актуелните „Air Force“ патики и некогаш популарниот ЦД-уред се појавиле во 1982 година.
Мила М. | Црнобело