„Кога жената ги влече сите конци…“ - Мудра, инспиративна приказна на сопругата на Винстон Черчил
Брачниот пар Черчил имале обичај секоја вечер да отидат на прошетка. На една од нивните вообичаени прошетки, во дворот на една прекрасна вила го здогледале домарот кој работел нешто.
Домарот започнал разговор со брачниот пар. Но, неговото внимание најмногу било насочено кон младата жена.
Винстон го забележал тоа, па кога се оддалечиле од него, ја запрашал сопругата:
„Не ли ти се чини дека особено многу му го привлече вниманието на домарот?“
„Да. Тоа е затоа што се знаеме одамна. Уште во младоста му се допаѓав“ – признала Клементајн.
„Ете, да си се омажила за него ќе беше жена на домар, а не на премиер“, се насмеал Винстон Черчил.
„Драги, да се омажев за него, тој ќе беше премиер, а не домар“, одговорила Клементајн…
(О)Милена | Црнобело