Брутални мудрости на најголемиот песимист
Артур Шопенхауер е класичен претставник на песимизмот кој тврдел дека волјата е вечно незадоволна и затоа животот е вечно патење.
Ова се неговите брутални мудрости кои ќе им се допаднат на сите реалисти со доза на песимизам:
„Здравјето ги надминува сите можни добра – сигурно е дека здравиот просјак е посреќен од болниот крал.“
„Има многу малку работи кои ќе ги расположат луѓето подобро отколку да им раскажеме голема несреќа која одамна ни се случила.“
„Богатството е налик морска вода – што повеќе ја пиеме, толку сме пожедни.“
„Љубомората секогаш се раѓа со љубовта, но не секогаш умира со неа.“
„За да се признае туѓата вредност, мора да имате сопствена.“
„Да се ожениш значи да си ги преполовиш правата, а да си ги дуплираш обврските.“
„Пријателот на сите не е ничиј пријател.“
„Дуваме балони од сапуница што подолго можеме и ги правиме да бидат колку поголеми може, иако добро знаеме дека на крајот ќе се распрснат.“
„Разумот може да го замени речиси секое ниво на образование, но образованието не може да го замени разумот.“
„Кој сака неговите зборови да бидат достоинствени за верување, нека ги каже ладно и без страст.“
„На пријателите лесно им ги простуваме грешките кои не нè погодиле.“
М. Д. | Црнобело