„Тагата, како и скинатиот фустан, треба да се остави дома“ – јапонски мудрости кои ќе рефлектираат нова светлина на размислувањето

Народните мудрости се најдобриот начин да го продлабочиме размислувањето. 

Japonski-narodni-mudrosti-01.jpg

Јапонците се познати по својата суптилност, а оваа особина се провлекува и низ нивните народни поговорки:

Тргај им се од патот на будалите и на лудите.

Не задржувај го оној што заминува, не бркај го оној што пристигнува.

Подобро е да бидеш непријател на добар човек, отколку пријател на лош.

Оној што сака да се искачи, ќе најде начин да направи скала.

Мажот и жената треба да бидат како раце и очи: кога рацете болат, очите плачат, а кога очите плачат, рацете ги бришат.

Убавите цветови не носат добар плод.

Оној кој пие – не знае за штетноста на виното, оној кој не пие – не ја знае неговата корист.

Тагата, како и скинатиот фустан, треба да се остави дома.

Кога има љубов и белезите од сипаници се исто така убави како и дупчињата на образите.

Еден убав збор не може да те грее три месеци во зима.

Доколку проблемот може да се реши – не треба да се грижите за него, доколку не може да се реши – бескорисно е да се грижите за него.

Проверете седум пати пред да се посомневате во некој човек.

Направи сè што можеш, а останатото препушти ѝ го на судбината.

Претераната искреност се граничи со глупост.

Среќата доаѓа во домот полн со смеа.

Ладниот чај и ладниот ориз може да се поднесат; она што не може да се поднесе се ладниот поглед и ладните зборови.

Кога размислуваш – делувај, кога ќе одлучиш – не размислувај.

Кога ќе прашаш нешто се срамиш една минута, а кога не знаеш нешто се срамиш цел живот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
„Мурго и коската“ и уште 4 кратки раскази на Толстој кои носат големи мудрости Сите знаеме кој е Лав Николаевич Толстој, но дали знаете дека освен долги романи...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg