Празнични цитати кои го поткреваат расположението
Не дека во празничниот период нема што да ни го подобри расположението, но овие цитати се само уште еден плус.
На сите пакетчиња, подароци, топли пијалаци, шарени чорапи и накитени елки, во долгата листа на мали празнични задоволства ги додаваме и овие цитати:
„Ништо не е претешко, прелошо или претажно кога имаш накитена новогодишна елка во дневната соба.“ – Нора Робертс
„Некои новогодишни лампиони се многу повеќе од сјај и светки – тие се симбол на подарена љубов многу години претходно.“ – Том Бејкер
„Причината зошто сите излегуваме од контрола со празничните подароци е што честопати не знаеме како да ја спакуваме огромната љубов во само неколку збора.“ – Харлам Милер
„Божиќ ни дава шанса да паузираме и да се посветиме на важните работи и луѓе околу нас.“ – Дејвид Камерон
„Секогаш останете малку детски наивни за да го барате Дедо Мраз на небото ноќта на Нова година.“ – Анонимен
„Гледањето е исто што и верувањето, но некогаш најреалните работи во светот се оние кои не можеме да ги видиме.“ – извадок од „The Polar Express“
„Божиќ не е толку многу околу отворањето на подароците, колку околу отворањето на срцето.“ – Џенис Медитере
„Еден од поубавите хаоси во светот е хаосот направен во дневната соба на Божиќ.“ – Енди Руни
„Сакај го оној кој ти подарува, повеќе од подарокот.“ – Бригам Јанг
М. Д. | Црнобело