Инспиративни цитати што вреди да ги споделите со вашите деца
„Само оние кои се осмелуваат да се соочат со огромен неуспех можат да постигнат многу“, Роберт Ф. Кенеди
„Животот е всушност најубавата бајка“, Ханс Кристијан Андерсен
„Подобро е да не успееш обидувајќи се да направиш нешто што сакаш, отколку да бидеш успешен со нешто што го мразиш“, Џорџ Бурнс
„Само продолжи да пливаш“, Дори од Finding Nemo
„Не можеш да ја потрошиш твојата креативност. Колку повеќе ја користиш, толку повеќе ќе ја имаш“, Маја Анџелоу
„Развиј желба за учење. Ако го направиш тоа, никогаш нема да престанеш да се развиваш“, Ентони Д’Анџело
„Нема ништо лошо во тоа да бидеш поразличен. Тоа значи дека си доволно храбар да бидеш свој“, Луна Лавгуд од Harry Potter
„Секогаш биди позитивен. Ова целосно ќе ти ја промени перспективата кон светот“, Роналд Дал
„Не дозволувај однесувањето на другите да ти го наруши внатрешниот мир“, Далај Лама
„Само затоа што растеш, не значи дека треба да престанеш да се забавуваш“, Нина Добрев
„Искачи ја секоја планина, препливај ја секоја река, следи го секое виножито, сè додека не го најдеш својот сон“, непознат автор
Спирова С. | Црнобело