Инспиративни цитати што вреди да ги споделите со вашите деца
Дали инспиративните цитати навистина ве инспирираат? Тогаш зошто да не ги споделите и со вашите деца?
Некогаш е доволно да чуете само една позитивна и мотивирачка изрека за да ви се промени перцепцијата и да ви се подобри расположението. Бидејќи за вашите деца вие сигурно сте личноста која е најмудра во светот, замислете каков ефект би имале некои изреки и цитати кога ќе ги чујат од вас.
Па, кога ќе ви одговараат согласно на темите за кои разговарате, искористете по некој инспиративен цитат од следниве:
„Зошто да се вклопиш со сите кога си се родил за да се истакнеш?“, Доктор Сус
„Никогаш не се откажувај од она што навистина сакаш да го правиш. Личноста со огромни соништа е многу помоќна од личноста која знае само факти“, Алберт Ајнштајн
„Не дозволувај она што не можеш да го правиш да те спречи да направиш нешто што можеш“, Џон Вуден
„Никој не е совршен и сите прават грешки. Затоа моливите имаат и гумичка за бришење“, Волфганг Риб
„Да победиш не значи да бидеш прв. Да победиш значи да станеш подобар од тоа што си бил“, Бони Блер
„Не ги читај само лесните работи. Тие можеби ќе ти бидат забавни, но никогаш нема да созрееш само со нив“, Џим Рон
„Всушност, ништо не е многу тешко ако го разделиш на помали делови“, Хенри Форд
„Со голема моќ доаѓа и голема одговорност“, Спајдермен
„Зошто да се грижиш? Ако си го дал најдоброто од себе, грижењето нема да ти користи“, Вол Дизни
„Биди весел, биди искрен, биди добар“, Ралф Валдо Емерсон
„Успехот не означува колку високо си се искачил, туку колку позитивни промени си направил во светот“, Рој Т. Бенет