„Јас сум сам свој мајстор. Ремек-дело кое самата сум го создала“ – 11 цитати на Мадона како библија за успех
Може да ја сакате или да ја мразите. Можеби ви пречат нејзините јавни настапи, нејзината ексцентричност или можеби мислите дека не знае да пее. Но, едно е сигурно – не можете да ја игнорирате и со причина ја носи титулата „поп кралица“. И за неа се борела жестоко.
„Дојдов во Њујорк. Имав сон. Сакав да бидам голема ѕвезда, а не познавав никого. Сакав само да танцувам, да пеам и да ги правам луѓето среќни. Секако, сакав да бидам славна и сите да ме сакаат. Но, верувајте ми кога ви велам дека многу се намачив да го остварам сето ова. Работата е сè“. - вака на кратко го објасни Мадона „рецептот“ за својот успех.
Попрецизни совети може да најдете низ стиховите на нејзините песни, ставовите и изјавите коишто ги даде Мадона во текот на годините.
Издвоивме само дел кои треба да останат запаметени:
„Доколку вашата среќа зависи од тоа што луѓето мислат за вас, тогаш секогаш ќе бидете разочарани“.
„Моите амбиции се исти како кога бев дете: сакам да владеам со светот!“
„Тешка сум, амбициозна и знам точно што сакам. Ако тоа ме прави лоша и ку*ка во очите на другите, океј“.
„Ме ужаснуваат празни приказни и љубезни луѓе. Не разбирам зошто ми се јавуваат непознати луѓе и ме прашуваат како сум или ми раскажуваат приказни што немаат смисла и не значат ништо“.
„Голем број на луѓе се плашат гласно да кажат што сакаат. Токму заради тоа сметам дека и многумина не го добиваат она што го сакаат“.
„Подобро е да живееш еден ден како лав отколку сто како овца“.
„Кога сте во некоја недоумица, правете се дека знаете сè. Како да сте Бог“.
„Кога сум гласна, јадам. Кога сум жедна, пијам вода. Кога сакам да кажам нешто, го кажувам“.
„Јас сум сам свој мајстор. Ремек-дело кое самата сум го создала“.
„Убавината ќе ја најдете таму каде што ќе ја побарате“.
„Некогаш помислувам дека не сум ни можела да добијам друго име. Јас просто морав да се викам Мадона. Бидејќи како некој што се вика Мадона може да биде нешто друго, освен ѕвезда. Или тоа или калуѓерка“.
(О)Милена | Црнобело