Донирал над 38 милијарди долари во добротворни цели, децата нема да наследат речиси ништо - помалку познати факти за Бил Гејтс
13. Во 2000 година, Бил Гејтс се повлече од позицијата извршен директор на Microsoft за повеќе да се фокусира на добротворните акции. Во март годинава, тој се повлече и од одборот на директори на компанијата.
14. Бил Гејтс е можеби најстрасниот читач во светот и секојпат кога оди некаде, понесува цела торба со книги.
„Во просек, се обидувам да прочитам една книга секоја недела“.
15. Периодов, кога и Бил Гејтс мора да седи дома, најмногу се дружел со неговиот добар пријател – милијардерот Ворен Бафет. Пред пандемијата тие редовно играле карти, а сега го правеле тоа онлајн.
16. Во слободното време, Бил и Мелинда сакале да гледаат филмови – некогаш дома, некогаш во кино – да играат тенис и да играат друштвени игри.
17. Децата на Бил и Мелинда не смееле да користат телефони до 14-иот роденден:
„Не им дозволувавме, иако се жалеа дека сите други деца имаат телефони“, вели тој.
18. И покрај тоа што има пари за следните неколку генерации, Бил Гејтс не планира да им го остави целото наследство на децата:
„Сметам дека оставањето огромни суми пари на децата е погрешно. Со тоа воопшто нема да им направам добро. Некои луѓе не се согласуваат, но јас и Мелинда сметаме дека е правилно“.
19. Бил Гејтс не е многу заинтересиран за луксуз – секогаш носи едноставна облека и редовно јадe во McDonald’s:
„Не сакам да трошам многу пари на облека или накит“, има изјавено.
Тој дури и носи рачен часовник од 10 долари, а годинава беше забележан со поскап модел, кој чини 42 долари. Милијардерот единствено има приватен авион за кој смета дека сепак му е неопходен.
20. Замислете, Бил Гејтс не знае да зборува странски јазици:
„Се чувствувам глупаво поради ова. Во средно учев малку латински и грчки, но сакам да научам француски, арапски или кинески“.
21. За повеќето најбогати луѓе кружат гласини дека затајуваат данок, но Бил Гејтс не спаѓа во ова категоријата – наводно, тој има платено 6 милијарди долари во данок:
„Плаќам повеќе даноци од кој било и навистина сум среќен за тоа“.
22. Омилениот филм на Гејтс е трилерот Spy Game, за кој вели дека го изгледал над 12 пати.
23. Бил сака и животни, а моментално чува две кучиња – Орео и Неила.
„Минувам малку време со кучињата, но многу ги сакам. Особено кога се послушни и не лаат навечер. И, кога знаат каде треба да одат во тоалет“.
24. На прашањето „Која животна лекција ја научи на најтешкиот начин?“, Гејтс одговори:
„Не останувајте будни до доцна. Дури и ако книгата е многу интересна. Следното утро ќе ви биде многу криво. За жал, уште работам на овој проблем“.
Спирова С. | Црнобело