Сакала дете наместо кариера, сопругот ја доведе до зависност и пропаст - Факти за Ејми Вајнхаус
Имаше проблеми со булимија, почина на 27 години од труење со алкохол, а зависноста многумина ја препишуваат на нејзиниот поранешен сопруг – факти за Ејми Вајнхаус, која годинава ќе наполнеше 37 години.
Во нејзината кратка кариера, Ејми Вајнхаус успеа да стане едно од најпознатите имиња во светот на музиката.
За жал, таа ја изгуби битката со зависноста и на само 27 години почина од труење со алкохол.
На 14-ти септември, Ејми требаше да го прослави 37-от роденден, па по тој повод погледнете неколку факти за нејзиниот живот:
Нејзината баба ѝ била најголемиот идол
Бабата на Ејми, Синтија, во младоста била пејачка и токму таа е причината што Ејми ја засакала џез музиката. Кога баба ѝ почина во 2006-та, пејачката си направи тетоважа во нејзина чест.
Беше дел од рап група
Пред Ејми да ја започне соло кариерата, таа беше дел од рап групата, односно дуото, познато како Sweet ’n‘ Sour. Групата ја формирала со нејзината најдобра пријателка Џулиет Ешби.
Нејзините родители се развеле кога била многу мала
И покрај тоа што се соочила со развод на родителите уште во детството, на Ејми воопшто не ѝ пречело ова.
„Татко ми е одличен човек. Гo сакам. Ја сакам и мајка ми, но јас и тато сме многу слични. Многу сме импулсивни. Добро е што татко ми се исели од дома додека растев, бидејќи во спротивно ќе имаше многу караници“, има изјавено пејачката.
Не сонувала да стане пејачката
Според поранешниот стилист на Ејми, Алекс Фоден, Ејми не сонувала да стане пејачка:
„Мислам дека ако имаше можност, ќе ја променеше кариерата. Многу сакаше мачки и сигурно порадо би работела со нив, или со деца. Сакаше да основа семејство и да отвори училиште за пеење. Цената на славата беше превисока за Ејми“.
Требало да сними песна за филм за Џејмс Бонд
Постоеле планови Ејми да ја напише и сними песната за Quantum of Solace, филм од серијалот за Џејмс Бонд, но продуцентите се премислиле. Наместо неа, тие ги одбраа Алиша Кис и Џек Вајт. Подоцна Ејми изјави дека била разочарана од нивната одлука.
Наводно имала афера со Пит Доерти
Музичарот има изјавено:
„Тешко ми е да признаам, но да, јас и Ејми бевме љубовници. Ја сакав тогаш и ја сакам и денес. Но, кон крајот, таа стана злобна и сурова кон мене“.
Песната Rehab започнала како шега
Една од најпознатите песни на Ејми почнала како шега.
„Јас и Марк Ронсон се шетавме и почнав да го пеам рефренот. Го пеев како шега“, има изјавено пејачката.
Наводно, тогаш Марк ѝ рекол дека би било добро ако напише цела песна за рехабилитација.
„Му реков ’Во ред, можам да ја напишам сега. Ајде да одиме во студиото‘. И така настана Rehab“.