Сакала дете наместо кариера, сопругот ја доведе до зависност и пропаст - Факти за Ејми Вајнхаус

Имала страв од настапи

Ејми има изјавено дека таа воопшто не била изведувач:

„Јас сум пејачка, но сум многу срамежлива. Не сум роден изведувач. Но, кога ќе се качам на сцената, кога ќе почнам да пеам, сè е во ред“.

namesto-pejachka-sakala-da-bide-sopruga-i-majka-fakti-za-ejmi-vajnhaus-po-povod-37-ot-rodenden-09.jpg

Сакала семејство

Според бек-вокалот на Ејми, Залон Томпсон, таа многу повеќе сакала да биде мајка и сопруга отколку да пее.

„Знам дека сум талентирана, но не сум дојдена овде за да пеам. Овде сум за да бидам сопруга и мајка и за да се грижам за моето семејство“, има изјавено пејачката.

namesto-pejachka-sakala-da-bide-sopruga-i-majka-fakti-za-ejmi-vajnhaus-po-povod-37-ot-rodenden-10.jpg

Воопшто не сакала соработки

Кога ја прашаа дали сака да соработува со други музичари, Ејми изјави:

„Не, бидејќи знам што точно сакам да правам уште пред другата личност да влезе во просторијата“.

Ејми сметала дека можеби некогаш ќе ѝ одат соработките со други музичари, но најчесто сакала да работи сама.

namesto-pejachka-sakala-da-bide-sopruga-i-majka-fakti-za-ejmi-vajnhaus-po-povod-37-ot-rodenden-11.jpg

Била забавна личност пред проблемите со зависноста

Според луѓето кои ја знаеле Ејми пред да стане славна, таа била забавна, здрава и неверојатна девојка. И членовите на нејзиното семејство имаат слични приказни:

„Таа е многу дарежлива и грижлива. Ќе направеше сè за кого било. Таа беше лојална – како сестра, како ќерка и како пријателка“, вели нејзиниот брат.

namesto-pejachka-sakala-da-bide-sopruga-i-majka-fakti-za-ejmi-vajnhaus-po-povod-37-ot-rodenden-12.jpg

Љубовта на нејзиниот живот ја доведе до пропаст

Многумина веруваат дека Блејк, за кого Ејми велеше дека е љубовта на нејзиниот живот, а од кој се разведе во 2009-та, ѝ го покажал на пејачката светот на дрогата.

Иако Ејми користела наркотици и пред да го запознае, тој ја навлекол на потешка дрога и најверојатно е одговорен за нејзината зависност.

namesto-pejachka-sakala-da-bide-sopruga-i-majka-fakti-za-ejmi-vajnhaus-po-povod-37-ot-rodenden-13.jpg

Проблеми со булимија

Покрај зависноста, Ејми имала и сериозни проблеми со булимијата. Во 2013-та нејзиниот брат изјави:

„Многу страдаше од булимија. Тоа не е некое откритие – доволно беше само да ја погледнете. Она што ја уби е всушност булимијата. Мислам дека ја направи послаба. Ако немаше нарушување во исхраната, ќе беше физички посилна“.

namesto-pejachka-sakala-da-bide-sopruga-i-majka-fakti-za-ejmi-vajnhaus-po-povod-37-ot-rodenden-14.jpg

Трагичен крај

На 23-ти јули 2011-та, пејачката почина од труење со алкохол. Уште потажно е што неколку денови пред смртта, таа постојано била трезна и била на добар пат да се ослободи од зависноста.

Фановите до денес не можат да се помират со нејзината смрт и како секоја година, и оваа ѝ покажаа почит на денот на нејзиниот роденден:

„Ејми Вајнхаус ќе имаше 37 години денес. Навистина редок и уникатен талент. Почивај во мир“.

„Среќен роденден Ејми. Секогаш ќе бидеш огромен и важен дел од мојот живот“.

„Среќен роденден легендо! Те сакам и ми недостасуваш секој ден“.

namesto-pejachka-sakala-da-bide-sopruga-i-majka-fakti-za-ejmi-vajnhaus-po-povod-37-ot-rodenden-15.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg