Затвор, дрога, насилство: Мрачни тајни за децата на славните
Изгледа дека неретко, растењето со богати и славни родители може да биде проблематично за децата.
Веројатно поради парите на нивните родители, овие деца имаат лесен пристап до алкохол и наркотици, и тоа уште на многу рана возраст. Всушност, денес доста често се појавуваат фотографии од лудите забави со многу алкохол и дрога на кои присуствуваат овие деца, уште пред да наполнат 20 години.
За среќа, повеќето од нив ги воочуваат своите грешки и успеваат да ги поправат, но постојат и оние кои имале трагичен крај.
Погледнете кои се славните личности со проблематични деца:
Синди Крафорд
Во 2018-та, синот на Синди Крафорд, Пресли Гребер, беше уапсен за возење во алкохолизирана состојба. Тогаш Пресли имаше само 19 години, а најпрво бил застанат бидејќи возел пребрзо. Кога излегол од автомобилот, полицајците забележале дека мириса на алкохол, па кога потврдиле дека испил повеќе, го уапсиле.
Подоцна се огласи адвокатот на Пресли, изјавувајќи дека тој сериозно си ја сфатил казната и се обидува да се подобри.
Том Хенкс и Рита Вилсон
Вториот син на Том и Рита отворено се бореше со зависноста од дрога. Во 2015-та тој замина на рехабилитација, откако предизвикал сообраќајка додека бил под дејство на дрога. Мажот кој бил повреден, Тери Муган, има изјавено дека страдал од физички и емоционални повреди поради сообраќајката, но и дека Том и Рита се одговорни за несреќата – тие знаеле за проблемите на нивниот син, но сепак му дозволиле да го вози нивниот автомобил.
Николас Кејџ
Николас Кејџ има две деца, а едното од нив му предизвикува многу проблеми. Неговиот син Вестон е роден во 1990-та, а во 2011-та беше уапсен за домашно насилство. Истовремено, тој беше и на рехабилитација поради неговите проблеми со дрогата.
Роберт Дауни Џуниор
Синот на Роберт, Индио Дауни, беше фатен со кокаин и беше казнет за поседување нелегални супстанци. Ова се случи во 2014-та, кога Индио имаше 20-тина години. Кратко по скандалот, актерот го испрати Индио на рехабилитација.
Витни Хјустон и Боби Браун
Ќерката на Витни и Боби, Боби Кристина Браун, е родена во 1993-та, а во 2012-та, кога имаше едвај 19 години, од неа се појави снимка на која се гледа како користи кокаин.
Во 2015-та, младата девојка беше најдена онесвестена во нејзината када. Таа беше хоспитализирана и во кома речиси 6 месеци, но, за жал, почина истата година.