Цитати што ќе ви ја зајакнат самодовербата кога се чувствувате беспомошно и на дното
Им се случува дури и на најдобрите – оној момент кога почнувате да се сомневате во себеси и сопствените способности. Се чувствувате беспомошно, како да не вредите ништо. Како да сте на самото дно.
Во ваквите моменти, добро е да прочитате одлични, позитивни цитати кои ќе ве охрабрат и полека ќе ви ја вратат вербата во себеси:
„Кога следниот пат ќе се почувствувате малку непријатно поради притисокот во својот живот, сетете се дека без притисок не може да се создадат дијаманти. Притисокот е дел од успехот“ – Ерик Томас
„Среќата честопати се протнува низ врата за која сте заборавиле дека е отворена“ – Џон Баримор“
„Кога некој ќе ви каже „Не можеш“, всушност мислат „Јас не можам“ – Шон Стефансон
„Љубовта кон самиот себе е почетокот на една долга животна романса“ – Оскар Вајлд
„Што и да сакате да направите, направете го тоа веднаш. Толку малку останува од утре“ – Мајкл Лендон
„Имате непријатели? Тоа е добро. Тоа значи дека сте се бореле за нешто некогаш во животот“ – Винстон Черчил
„Не ми е толку важно како ме гледаат другите колку што ми е важно како се гледам јас самиот“ – Мишел де Монтањ
„Среќата и самодовербата се најубавите нешта кои можеме да ги облечеме“ – Тејлор Свифт
„Нема ништо попривлечно од жена со самодоверба. Кога еднаш самата ќе сфати колку е убава, сите ќе го сфатат тоа“ – Хабиб Аканде
„Ги оставам луѓето да го мислат она во што сакаат да веруваат. Ако толку им е грижа за тоа што правам, тоа значи дека веќе сум подобра од нив“ – Мерилин Монро
„Тој што се плаши дека ќе страда, веќе страда затоа што се плаши“ – Мишел де Монтањ
„Она што го знаеме е капка, она што не го знаеме е океан“ – Исак Њутн
„Пред да се дијагностицирате себеси со депресија или ниска самодоверба, прво проверете случајно да не сте опкружени со идиоти“ – Зигмунд Фројд
„Лавот не се занимава себеси со мислењето на овците“ – Џорџ РР Мартин
„1 универзум, 8 планети, 195 држави, 1864 острови, 7 мориња, 7 милијарди луѓе. Не дозволувајте 1 лице да ви го уништи денот“ – анонимен автор
(О)Милена | Црнобело