Мистерии од цртаните филмови
Дали сте се запрашале како Твити (Џивџи) одржува рамнотежа на лулашката во кафезот кога има толку голема глава? И нас не ни е најјасно.
Ова се уште неколку необјаснети мистерии од цртаните филмови:
1. Ако Попај и Олива се вечно сингл и никогаш немале секс, од каде тогаш се појавува Попај Џуниор кој неверојатно многу личи на Перо – зависникот од плескавици?
2. Ако којотот имал доволно пари да си го купи ACME уред за да ја фати брзата птица итрица, зошто едноставно не отишол да си купи печено пиле со помфрит и кока кола?
3. Зошто Супермен, Бетмен и сите супер херои носат гаќи врз панталоните?
4. Кога ќе размислиме како спанаќот влијае врз Попај, следува прашањето да не крие тој марихуана помешана со кокаин во конзервите?
5. Како тоа 7те џуџиња после 20 часа работа во рудник си одат дома со песна?
6. Пинк Пантер - машко е или женско? Операција или не? Зошто секогаш е без алишта?
7. Морала ли Црвенкапа да прашува толку многу прашања за да сфати дека тоа е волкот преоблечен како баба и? Дали била слепа или глупа?
8. Зошто сите јунаци на Дизни носат бели ракавици и имаат 4 прсти?
9. Зошто сите негативци сакаат да ја уништат планетата? Каде мислат да живеат после тоа?
10. Зошто Каменковци слават Божиќ кога живееле пред Исус да постои?