Споменати се над 100 видови животни, но никогаш домашната мачка - Факти за Библијата кои можеби не сте ги знаеле досега

Некои од деталите поврзани со Библијата најверојатно веќе ги знаете, но има и разни занимливости и факти коишто не се така општо познати. 

Fakti-za-biblijata-koi-ne-ste-gi-znaele-dosega-01.jpg

Прочитајте неколку интересните податоци коишто можеби досега не сте ги знаеле за светата книга.

Најверојатно познато ви е дека називот Библија доаѓа од грчкиот збор βιβλία што означува свиток. Исто така сигурно знаете дека Библијата е првата книга што била печатена, а не како дотогаш препишувана на рака.

Првата Библија ја испечатил Јохан Гутенберг во 1455 година во Мајнц, Германија, а денес постојат уште 3 совршено сочувани копии од тоа издание, од кои едното е заклучено во библиотеката на Конгресот во Вашингтон.

Но што е со деталите за Библијата коишто не се општопознати за повеќето?

Не кради… ја Библијата

Еден од најпознатите податоци е дека тоа е најпродаваната книга на сите времиња, но најверојатно не знаете и дека истовремено тоа е и најкрадената книга и покрај тоа што „не кради“ е еден од десетте Божји заповеди.

Кој ќе ја преведе, ќе умре

Не така одамна, преведувањето на Библијата се плаќало со глава. Иако ова било казниво, Џон Вајклиф ја превел Библијата во 14 век, а 43 години по неговата смрт, римокатоличката црква го ископала неговото тело и го изгорела, а потоа пепелта била фрлена во река како казна за гревот.

Подоцна, во 1536 година, Вилијам Тисдејл бил спален на клада, исто така за преведување на Библијата на англиски јазик.

Бог како „Таа“

Во верзијата на Библијата од 1611 година, при печатењето настанало грешка и во еден стих Бог е наречен „таа“. Копијата на оваа библија со грешка е проценета на вредност од преку 65.000 долари.

Најскапата книга во светот

Најскапиот продаден примерок од Библијата е продаден за повеќе од 14 милиони долари на аукција во Сотебис во 2013 година.

Всушност се работи само за превод на Беј псалмите, што и всушност не е целосната Библија, туку е поетски превод на псалмите на англиски јазик од страна на пуританските монаси од колонијата Масачусетс Беј, којшто е испринтан во 1640 година и е првата книга некогаш објавена во САД.

Примерокот е испечатен на 47 страници, што значи дека секоја страна вреди скоро по 300.000 долари.

Најтенката книга

Нанобиблијата е испечатена на алуминиумски диск со големина 5 мм на 5 мм и може да се прочита само со нано микроскоп бидејќи секоја буква е со големина од само 600 нанометри.

Најголемата Библија на светот

Оваа Библија се наоѓа на универзитетот Аблиен во Тексас, а тежи преку илјада килограми, висока е околу 1 метар, а кога е отворена широка е околу 2,2 метри.

Стареење во библиски стил

Или современото општество сериозно нешто греши или нашето разбирање за времето во Библијата е сериозно погрешно. Ликовите од почетокот на библијата имаат необично долг животен век.

Како што знаете, Метузалем живеел најдолго, дури 969 години, но Адам, Сет, Ное и неколку други исто така проживеале над 900 години.

После потопот животот во Библијата драстично се скратува, но и Аврам и Исак се приближиле до живот од 200 години, додека пак животот на Јосиф се чини краток иако траел изненадувачки 110 години.

Најсуровиот библиски лик

Секако, тоа е Јудита. Безобѕирната вдовица која го заведува Холоферн, генералот на окупаторската персиска војска, а потоа откако ќе го опие во неговиот шатор ќе го собори со два удари со неговиот меч. Потоа ја ставила неговата глава во торба, дошла до вратата и ја покажала преплашувајќи ги непријателските војници.

Најлошиот член на семејство во светото писмо

Секако дека конкуренцијата е голема, ги имаме: Аврам, којшто бил спремен да го жртвува синот бидејќи Бог така му заповедал, потоа тука е Каин, којшто ќе си го убие единствениот брат.

Тука е и Ребека, која ќе се здружи со синот Јаков за да го измами постариот брат Исак, па дури и го измамила сопствениот маж на смртната постела така што му подметнала крзно на раката, за да го благослови Јаков мислејќи дека е Исак, бидејќи тој бил познат како влакнест човек.

Најголемиот полигамист во Библијата

Од сите полигамисти во Библијата, најуспешен бил кралот Соломон. Опишано е дека имал 700 сопруги и 300 конкубини. Кога секој ден би спиел со различна жена, би требало да поминат 3 години пред повторно да се види со првата.

Животните во Библијата

Толку многу ликови во Библијата се овчари, што не е ни чудно што најспоменуваното животно во Библијата се овците, а козите најверојатно се многу блиску после нив. Библијата спомнува околу 100 други животни, но интересно е да се спомене дека никогаш не се пишува за домашната мачка.

Библиомантија

Наједноставниот облик на потрага по среќа може да се смета праксата на поставување на праќање и случајно отворање на светата книга на некоја страница за да се добие одговор.

Кое име го носиш?

Доколку се сомневате во влијанието на Библијата на современата култура, погледнете ги само трендовите во именување на децата. Повеќе од половина од првите 50 имиња за машки деца во 2017 година имаат библиско потекло.

Најлошите библиски имиња

Можеби светото писмо е инспирација за некои, но за други може да биде навистина лошо доколку детето заврши со некое од озлогласените имиња од Библијата.

Најчудниот, а воедно и најдолгиот збор во Библијата е името на вториот син на пророкот во поглавјето на Исаија, името Махершалалхашбаз, што означува брз плен и брза кражба.

Родителите на талентираните актер Махерсал Али му го дале токму тоа име, всушност неговото име е Махершалалхашбаз Али Гилмор. Покрај него исто така лоши имиња се: Абеднего, Хепзиба, Набукодоносор и Нимрод, но братоубиствениот Каин е сепак можеби најлошото име.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg