Активист за женски права, милионски донации - Факти кои докажуваат дека Анџелина Џоли е прекрасна личност
Најчесто јавноста се фокусира на ексцентричноста на Анџелина Џоли. Многумина ѝ судат поради начинот на кој се грижи за своите деца, ја обвинуваат за разделбата на Бред Пит и Џенифер Анистон и како секој да има да каже нешто лошо за неа.
Но, кога ќе дознаете што сè направила оваа жена за да им помогне на другите, дефинитивно ќе го смените мислењето за неа.
Во продолжение погледнете неколку факти кои докажуваат дека Џоли е една прекрасна личност:
Сè започна со улогата во Tomb Raider
Во 2000-та година, Анџелина ја глумеше хероината Лара Крофт во Tomb Raider, а дел од снимањето се одвиваше во Камбоџа.
Кога актерката сфатила во каква ужасна состојба е државата и нејзините жители, не можела а да не направи нешто. Актерката почнала да истражува, најмногу за проблемите со кои се соочуваат бегалците и сиромашните, и оттогаш има посетено над 30 држави со цел да им помогне на тамошните луѓе.
На крај, таа стана и амбасадор на Обединетите Нации.
Се грижи и за животната околина
Анџелина го посвои нејзиното прво дете, Медокс, во Камбоџа. Бидејќи го цени потеклото на нејзиното дете, таа купи и куќа во Камбоџа.
Подоцна дознала дека имотот што го купила бил во близина на националниот парк Samlaut, во кој нелегално се ловеле загрозени животни. Тогаш, актерката купи огромна површина од паркот и ја направи засолниште за диви животни.
Властите во Камбоџа не останале рамнодушни на овој гест, па дури ѝ подарија и државјанство на актерката.
Помош за бегалците
Актерката редовно посетува бегалски кампови ширум целиот свет, со цел да им ги подобри условите за живот.
Таа често помага во изградбата на училишта и здравствени установи – во 2010-та таа донираше 75.000 долари и отвори основно училиште за девојки во Авганистан. А, ова не е единственото училиште отворено од неа во оваа држава.
Дел е од неколку организации
Актерката не само што донира, туку и се обидува да собере пари за најразлични цели. Покрај помошта за бегалците, таа собира пари за борбата против ракот, а посветена е и на искоренување на сиромаштијата.
Наводно, актерката има соработувано со 29 различни фондации и организации кои се фокусираат на мирот, образованието и здравјето на луѓето.
Активен борец за женските права
Џоли е гласот на жените кои биле жртви на сексуално насилство во воени зони и верува дека ова е нешто што мора да се искорени.
Таа прави сè што може за да ја зголеми свесноста за сексуалното насилство, но и за да го спречи истото.