Активист за женски права, милионски донации - Факти кои докажуваат дека Анџелина Џоли е прекрасна личност
Борба против рак на дојката
Актерката се соочи со многу критики откако се дозна дека направила двојна мастектомија. Но, Анџелина го направи тоа бидејќи нејзините мајка и тетка починале од рак на дојката.
После операцијата, актерката отворено зборуваше за нејзиното искуство и до денес ги охрабрува жените да се тестираат навреме.
Донира огромни суми пари
Кога се родија близнаците на Џоли и Пит, Нокс и Вивиен, парот доби неверојатни 14 милиони долари за нивните фотографии. Овие пари, пак, завршија во фондацијата Џоли-Пит.
Им помага на жртвите од природни катастрофи
Во 2011-та година, едно торнадо уништи 8.000 домови во Мисури. Анџелина и тогашниот сопруг Бред донираа половина милион долари од нивната фондација за да помогнат во поправањето на штетата.
Во 2010-та, пак, после катастрофалниот земјотрес на Хаити, од фондацијата Џоли-Пит донираа 1 милион долари за да им помогнат на настраданите.
Инспирација за нејзините деца
Анџелина ѝ помогна на ќерка ѝ Захара да направи колекција накит, во соработка со познат дизајнер. Захара, пак, следејќи ги чекорите на нејзината мајка, целата заработка ја донираше во непрофитна организација која им нуди привремено засолниште на жени и деца.
Но, и децата ја инспирираат неа
Што и да зборуваат за Анџелина, станува сè појасно дека таа е една од најдобрите мајки.
Можеби веќе знаете дека актерката е и пилот, но интересно е што научила да лета бидејќи син ѝ навистина сакал авиони. Едноставно, таа сакала да биде негова хероина.
Спирова С. | Црнобело