Сите работи имаат пукнатини, така влегува светлината - цитати за моментите кога сте обесхрабрени и полека ја губите надежта
Преживуваме темен, тежок период и многумина од нас се нервозни и по малку песимистички настроени. Некои времето поминато во изолација го доживуваат особено тешко. Факт е дека на сите ни е потребна мала мотивација за да ни го поткрене моралот и енергијата и секако – да нè потсети дека надежта умира последна.
За сите кои се чувствувате уморно, исцрпено, уплашено и обесхрабрено, дозволете овие цитати да ви влеат надеж:
„Мораме да ги прифатиме конечните разочарувања, но никогаш да не ја изгубиме бесконечната надеж“ – Мартин Лутер Кинг
„Постојат добри работи на светов и вреди човек да се бори за нив“ – Џ.Р.Р. Толкин
„Запомнете дека надежта е нешто добро, можеби и најдобро, а добрите нешта никогаш не умираат“ – Стивен Кинг
„Можете да кажете дека сум сонувач, но не сум единствен. Се надевам дека еден ден ќе ни се придружите и светот ќе живее како едно“ – Џон Ленон
„Да живеете без надеж е како да престанете да живеете“ – Фјодор Достоевски
„Сè што е направено во светот е создадено од надежта“ – Мартин Лутер Кинг
„Надежта се состои во способноста да се види светлината и покрај сета темнина“ – Дезмонд Туту
„Добро е кога сè што имате е надеж, а не очекувања“ – Дени Бојли
„Во време на уништување, создадете нешто“ – Максин Х. Кингстон
„Јас наоѓам надеж во најтемните денови и се фокусирам на светлината. Не го осудувам универзумот“ – Далај Лама
„Надежта е буден сон“ – Аристотел
„Вистинско чудо е тоа што не сум се откажала од моите идеали, затоа што се чинеше дека е апсурдно и невозможно да се спроведат. Сепак, ги задржав, бидејќи и покрај сè, сè уште верувам дека луѓето се навистина добри во душата“ – Ана Франк
„Сите работи имаат пукнатини. На тој начин влегува светлината“ – Леонард Коен
„Само тогаш кога е доволно темно, можете да ги видите ѕвездите“ – Мартин Лутер Кинг Јуниор
„Надежта е последното нешто што исчезнува“ – италијанска поговорка
(О)Милена | Црнобело