Неколку факти за пивото Guiness кои можеби не сте ги знаеле
Денот на Свети Патрик 17-ти март речиси се смета за глобален празник на пиво, а меѓу првите асоцијации на истиот се улици преполни со весели Ирци облечени во зелена боја кои радосно маршираат и пеат.
Второто нешто што ни доаѓа на ум и што се поврзува со овој ирски национален празник е, се разбира, пивото Гинис.
Ова се неколку факти за Guiness кои можеби не сте ги знаеле:
1. Ова темно пиво, познато по својата екстремно кремаста пена, е национална гордост на Ирска и Ирците. Создадено е во Даблин во 1959 година, за да се одбележи 200-годишнината од потпишувањето на закупот на St. James’s gate пивница од страна на Артур Гинис.
Ова е најголемата пивница во светот денес која произведува темно пиво, а исто така е една од најпознатите технолошки напредни пивници во светот.
2. Иако многумина го поврзуваат пивото Guiness со карактеристична црна боја, се работи за многу темна нијанса на рубин. Најпопуларното светско темно пиво се прави од четири природни состојки: вода, јачмен (солен и печен), хмељ и квасец.
Денес се произведува во 49 земји, додека пивниците низ целиот свет се привлечени со неговата сложеност и смела комбинација на вкус.
3. Точењето на идеалната чаша Guiness трае точно 119 и пол секунди, а клучно е да паузирате една минута кога ќе наточите три четвртини, за да ја добиете карактеристичната пена.
4. Ирска имала проблеми со законот кога сакала да ја регистрира харфата како симбол, бидејќи истиот веќе му припаѓал на Guiness. Постигнат е договор дека Гинисовата харфа секогаш ќе биде свртена надесно, а како национален симбол ќе биде свртена налево.
Ашера | Црнобело