Меѓународна химна за слободата и правата на луѓето - Која е историјата зад светски познатата песна „Bella Ciao“?

Веројатно тешко дека постои некој кој не ја знае или барем еднаш не ја чул легендарната нумера „Bella Ciao“, што во превод би значела „Убавице чао“.

Megjunarodna-himna-za-slobodata-i-pravata-na-lugjego-no-i-mnogu-povekje-od-toa-koja-e-istorijata-zad-svetski-poznatata-pesna-bella-ciao 01 630x340.jpg

За помладите генерации стана вистински хит преку серијата „La Casa de Papel“, но за оние повозрасните оваа песна има навистина друга позадина.

Во продолжение ви наведуваме повеќе факти за оваа виртуозна композиција кои можеби не сте ги знаеле:

1. „Bella Ciao“ е италијанска партизанска песна која потекнува од времето на италијанската граѓанска војна. Низ светот се користи како химна на слободата и отпорот.

2. Песната „Bella ciao“ била пеена од анти-фашистичкото движење на отпорот во Италија меѓу 1943 и 1945 година, а авторот на текстот за јавноста е сѐ уште непознат.

3. Како што кажавме, оваа стара народна песна служела како химна против фашизмот за време на Втората светска војна.

Песната ја користеле припадниците на италијанскиот отпор како симбол на нивната борба против марионетската фашистичка влада во Италија и нејзините сојузници во нацистичка Германија.

Megjunarodna-himna-za-slobodata-i-pravata-na-lugjego-no-i-mnogu-povekje-od-toa-koja-e-istorijata-zad-svetski-poznatata-pesna-bella-ciao 02 630x425.jpg

4. Иако е претежно позната по тоа што се користела во Втората светска војна, оваа песна има многу постаро потекло.

Нејзината историја датира уште од 19 век, кога ја користеле обесправените жени-работници во Северна Италија.

Овие жени се нарекувале Мондинас (сезонски работник и собирач на ориз) и работеле на полиња со ориз особено во италијанската долина По, од крајот на 19 век до првата половина на 20-иот.

Тие имале за задача да го засадат оризот и да ги отстранат плевелите што им штетеле на оризовите полиња.

Овие жени морале да се наведнат за да го извадат плевелот од оризот, додека стоеле со голи нозе и колена во водата.

Тие истиот процес го правеле со часови.

Станувало збор за навистина напорна работа, така што овие жени припаѓале на најсиромашните социјални класи и немајќи никаков избор продолжувале да работат под овие нехумани услови.

„Bella Ciao“ била испеана од овие борбени жени како израз на нивниот протест. Тие ја користеле песната како химна за нивната борба.

Megjunarodna-himna-za-slobodata-i-pravata-na-lugjego-no-i-mnogu-povekje-od-toa-koja-e-istorijata-zad-svetski-poznatata-pesna-bella-ciao 03 630x439.jpg

5. „Bella ciao“ за првпат е снимена во аудио форма од италијанската пејачка Џована Дафини во 1962 година. Оттогаш, таа е снимена на 32 други јазици од уметници од целиот свет.

6. Со текот на годините, оваа маестрална композиција стана повеќе од само песна на отпор. Многумина сега ја сметаат за меѓународна химна за слободата и правата на луѓето.

7. Песната, исто така е многу популарна кај љубителите на фудбалот, отпеана од италијанските, португалските и неодамна од бразилските навивачи за време на Светскиот куп во ФИФА, 2018 година.

Megjunarodna-himna-za-slobodata-i-pravata-na-lugjego-no-i-mnogu-povekje-od-toa-koja-e-istorijata-zad-svetski-poznatata-pesna-bella-ciao 04 630x473.jpg

8. Интересен факт е тоа што заедно со тажните и свечени тонови на оваа италијанска песна беше погребана првата дама на Југославија, Јованка Броз.

Непосредно пред нејзината смрт, вдовицата на Тито посакала токму со оваа песна да се опростат од неа, а причината за тоа, спротивно од мислењето на многумина, не е само левичарската порака што ја испраќа песната.

Сепак, идеолошката порака на песната секако не е единствената причина зошто Јованка Броз, непосредно пред нејзината смрт, посакала да се испрати со ова ремек-дело на „вечен одмор“.

Покрај тоа што „Bella Ciao“ се смета за химна на партизаните, таа е препознаена низ целиот свет како симбол на борбата против неправдата, или како што многумина ја опишаа како „песна на слободата на духот, на желбата за универзална слобода“.

Megjunarodna-himna-za-slobodata-i-pravata-na-lugjego-no-i-mnogu-povekje-od-toa-koja-e-istorijata-zad-svetski-poznatata-pesna-bella-ciao 05 630x394.jpg

9. Покрај популарноста која низ децении се протега, повторен „бум“ оваа песна направи појавувајќи се во серијата „La Casa de Papel“.

Но, појавата на оваа историска песна не е случајност.

Професорот, кој е водач и „главен ум“, всушност верува дека тој и ограбувачите се некој вид на отпор против обесправениот монетарен систем и тие технички не крадат од никого.

Megjunarodna-himna-za-slobodata-i-pravata-na-lugjego-no-i-mnogu-povekje-od-toa-koja-e-istorijata-zad-svetski-poznatata-pesna-bella-ciao 06 630x354.jpg

За крај, ви го приложуваме македонскиот превод на оваа маестрална песна:

„Bella ciao“ - „Убавице чао“

Едно утро се разбудив,

О, убавице збогум! Убавице, збогум! Убавице, збогум, збогум, збогум!

Едно утро се разбудив

и непријателот беше тука.

О партизани, водете ме,

О, убавице збогум! Убавице, збогум! Убавице, збогум, збогум, збогум!

О партизани, водете ме,

чувствувам дека ќе умрам

И ако умрам како партизан,

О, убавице збогум! Убавице, збогум! Убавице, збогум, збогум, збогум!

И ако умрам како партизан,

ти мораш да ме закопаш.

Закопај ме горе во планините,

О, убавице збогум! Убавице, збогум! Убавице, збогум, збогум, збогум!

Закопај ме горе во планините,

под сенката на убавиот цвет.

И луѓето кои ќе минуваат

О, убавице збогум! Убавице, збогум! Убавице, збогум, збогум, збогум!

И луѓето кои ќе минуваат

ќе ти речат „Колку убав цвет!“

„И ова е цвет на партизан“

О, убавице збогум! Убавице, збогум! Убавице, збогум, збогум, збогум!

„И ова е цвет на партизан кој умрел за слободата...

Мила М. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Татко е на 5 деца, работел како модел - Се сеќавате ли на згодниот доктор Алекс Карев од Grey’s Anat... Кога ја доби улогата на Алекс Карев во хит серијата Grey’s Anatomy, актерот Џаст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg