Идејата дека за добар брак е потребно само љубов - е стапица: 5 факти за бракот
Идејата дека за добар и долг брак е доволна само љубов е стапица. Во повеќето случаи, бракот не успева заради неконзистентните вредности и мислења.
Постојат 5 стари факти за бракот кои треба да ги знаете:
Бракот е договор
Бракот е правен договор, ништо повеќе и ништо помалку. Ги врзува двете лица во однос на правниот статус и имотот. Историски и традиционално гледано, брачните договори имале економски карактер.
Имотот на сопругата му се пренесувал на мажот, а жената станала законска сопственост и одговорност на младоженецот, поради што невестата традиционално го земала презимето на младоженецот.
Бракот има темна историја
Од барбики со идеални размери, принцези од анимирани филмови до модели во женски магазини. Постојано се сервира верување дека нашите тела се повредни од нашите умови. Поради ова на многу жени им е важно мислењето на другите.
Се испраќа порака дека на жените им е потребен маж да ги сака, ожени и заштити.
Бракот бара многу повеќе од љубов
Идејата дека за добар и долг брак е доволна само љубов, е стапица. Во повеќето случаи бракот не успева заради неконзистентните вредности и мислења.
Љубовта е важна, но вистинскиот рецепт за успешен брак е посветеност, ценење, доверба, почит и привлечност. И двајцата партнери треба да ги промовираат овие вредности еднакво, секој ден.
Во бракот не постои пола - пола
Од жените се очекува да имаат професионална кариера, да имаат деца, да ги воспитуваат и да се грижат за домашните работи. На крајот, сите мислат дека мажите и жените вложуваат ист напор во една врска, но тоа најчесто не се случува.
Доследноста во ветувањата е поважна од бракот
Односите функционираат добро ако се присутни заеднички вредности и посветеност. Она што брачните другари го ветиле - треба да се одржува секој ден. Посветеноста кон брачниот другар е вистинска демонстрација на љубовта.
Ашера | Црнобело