„Јас сум полиглот, јас ги сакам животните“ - најглупавите цитати на ѕвездите од соседството
Народот вели „ќе тропне глупост – и ќе остане жив“. Ова дефинитивно важи за многу ѕвезди како кај нас, така и во соседството.
Северина тврди дека доколку се школувала, денес не би морала да се глупира.
Карлеуша пак, дека половиот орган е најсилниот адут на жената, но дека децата се прават – со мозокот?!
Прочитајте ги најглупавите цитати на ѕвездите од соседството:
„Јас сум полиглот, јас ги сакам животните“ – Зорица Марковиќ
„Јас мислам дека главниот адут на секоја жена е нејзиниот полов орган, мислам дека тоа е делот што води љубов со секој маж, а она што ги прави децата е дефинитивно мозокот“ – Јелена Карлеуша
„Еден ден ќе имам свој личен читач кој ќе ми ги чита книгите додека работам“ – Весна Вукелиќ Венди
„Би ја срушила црквата на Свети Донат во Задар и би изградила уште постара“ – Ава Карабатиќ
„Испадна дека Милена е лоша, а јас глупав. Можеби навидум е така, но вистината е поинаква“ – Немања Стевановиќ
„Искрено, јас ги сакам автокомпонираните песни“ – Милена Чераниќ
„Денес можат да потврдам дека ова е мојата прва и во главата вистинска венчавка, затоа што сум апсолутно свесен што правам“ – Аца Лукас
„Снимив свој интимен спот, трет во животот“ – Тања Савиќ
„Да се школував, сега не би морала да се глупирам вака“ – Северина
(О)Милена | Црнобело