Животна лекција од Лиам Нисон – Животот е краток, поминете го со вашите сакани
Лиам Нисон се оженил со својата сопруга, Наташа Ричардсон во 1994-та, а до 1996-та ги добиле двата сина.
Додека ја градел актерската кариера тој имал голема поддршка од неа, но за жал, во 2009-та, таа го загубила животот во незгода при скијање.
Лиам не се оженил никогаш повторно и ден-денес не може да поверува дека неа веќе ја нема, но сепак, успеал да извлече поука од оваа трагична ситуација.
Поучна кратка животна лекција од актерот Лиам Нисон:
„Велат дека најтешкото нешто во животот е да изгубиш некој што сакаш. Некој со кого си пораснал и си гледал како расте секојдневно. Некој кој ти покажал како да сакаш. Тоа е најлошото нешто што може да му се случи некому.
Мојата сопруга почина неочекувано. Таа ме радуваше и усреќуваше премногу. Тие 16 години што ги имав како нејзин сопруг ме научија како да сакам безусловно.
Затоа, мора да го забавиме темпото, да застанеме и да научиме дека треба да сме им благодарни на брачните партнери. Бидејќи, животот е премногу краток.
Поминувајте време со нив. Однесувајте се добро со нив. Бидејќи, еден ден, кога ќе ја кренете главата од телефонот, тие веќе нема да бидат тука.
Она што вистински го извлеков како најдобра лекција од сето ова е дека треба да живееме и сакаме секој ден, како да ни е последен. Бидејќи, еден ден, навистина ќе биде... последен.
Искористете ги шансите и живејте го животот. Кажете им на саканите дека ги сакате, кажувајте им секој ден. Животот вреди да се живее.“
М. М. | Црнобело