Како странските медиуми ја претставија Тамара - 10 факти кои ги открија пред Евровизија 2019
Од факти за нејзиното семејство и деца до детали кога и како ја започнала кариерата, странските медиуми направиле одлично истражување за животот и кариерата на нашата претставничка.
Емоционалната балада на Тамара Тодевска со феминистичка порака, како што милуваат да ја опишат странските медиуми „Proud“, ќе биде изведена на втората полуфинална вечер на Евровизија 2019.
Нашата шармантна и опуштена претставничка ги освои сите со својата ведрина и комуникативност.
Евровизиските фанови на блогот WiWibloggs напишаа статија со 10 факти за неа.
Како беше претставена Тамара Тодевска?
Потекнува од музичко семејство
Нејзината постара сестра е позната пејачка, особено во Србија. Но, музичките корени на Тамара се многу подлабоки.
Нејзиниот татко е професор на Музичката академија во Скопје, а мајка ѝ е оперска пејачка.
Има многу искуство на Евровизија
Ова е 4-то појавување на Тамара на Евровизија, но прво како соло артист. На 18-годишна возраст таа му беше придружен вокал на Тоше Проески во 2004 година, кога завршија на 14-тото место.
Во 2008 настапи со Врчак и Адријан Гаџа, а во 2014 година беше придружен вокал на нејзината сестра Тијана.
Нејзината кариера започна пред 20 години
Заедно со сестра ѝ Тијана таа ја објави песната „Игра луда“ во 1997 година. На 12 годишна возраст изведувала на националната телевизија.
Нејзиниот пробив беше во 2003 година со песната „1003“. На фестивалот Сунчане Скале заврши на второто место. Тијана победи на тој фестивал минатата година, а Калиопи во 2009.
Тамара оттогаш има објавено 2 албуми и многу песни.
Семејството ѝ значи многу
Таа е мајка и постојано прикачува фотки од нејзините деца на Инстаграм. Се омажи за Александар Димитровски во 2015 година.
Нејзината ќерка Хана е родена во 2016 година, а синот Дарен во 2018.
Нејзината ќерка е инспирацијата позади „Proud“
На Инстаграм Тамара го објасни значењето на „Proud“. Таа откри дека не сака ќерка ѝ да израсне во општество каде некој ќе и каже дека не е доволно добра, женствена или дека оди и се донесува како машко.
Тамара порача дека како мајка нејзина одговорност е да донесе позитивна промена во животите на нејзините деца.
Уште 5 факти на следната страна...