Која е Мариа Перељо, вереницата на Надал, која ја запроси по 14-годишна врска?
Таа има 30 години, работи како проект менаџер во фондацијата на Надал, а од пред 8 месеци, тајно му стана вереница на тенисерот.
Деновиве се прошири веста дека Рафаел Надал ја запросил неговата девојка по 14-годишна врска, но го криеле тоа од јавноста цели 8 месеци.
Тие планираат да се венчаат на есен на интимна церемонија во Мајорка, иако немаат објавено детални планови за свадбата.
Но, која е всушност неговата вереница и каква е нивната врска?
1. Нејзиното име е Мариа Франциска Перељо, но блиските ја викаат нагалено Мари, а е родена на Мајорка.
2. Таа работи во осигурителна компанија, но работи и како проект менаџер во Рафаел Надал фондацијата заедно со мајката на Надал, која е претседател.
3. Има 30 години, дипломирала Бизнис администрација и економија на Универзитетот на Балеарските острови и зборува каталонски, шпански и англиски јазик.
4. Од 2010-та година е вклучена во развој на тениски тренинг центар за момчиња и девојчиња во Анантапур, Индија.
5. Таа и Надал сакаат нивниот приватен живот да го држат настрана од медиумите, а таа дури нема ниту еден профил на социјалните мрежи, иако има неофицијални фан страници.