Фасцинантни факти за сонувањето

Сонуваме секој ден. Некогаш се сеќаваме на соништата, некогаш не. Колку сте запознаени со сонувањето и соништата?

fascinantni-fakti-za-sonuvanjeto-01.jpg

Ова се неколку интересни факти кои можеби не сте ги знаеле до сега:

1. Учиме додека спиеме. На место да учите до последен момент, пред испит е убаво и паметно добро да се наспиете. Спиењето помага мозокот да ги процесира, поврзе и разбере новите информации.

2. Најчест сон? Партнерот ме изневерува! Ако некогаш сте сонувале дека ве изневерува саканата личност – не сте единствени. Овој сон е најчеста ноќна мора која се јавува додека спиеме. Во најголем број од случаите не е поврзан со реалната ситуација, туку е резултат на класичниот човеков страв од неверство и осаменост.

3. Една ноќ – десет соништа. Сонуваме од прилика на секои 90 минути. Првиот сон обично трае околу 5 минути, а секој следен е нешто подолг од претходниот, па оној пред да се разбудиме трае околу 45 минути. Просечен човек во целиот свој живот сонува повеќе од 100.000 пати.

4. Сонот може да се продолжи. Нешто ве разбуди, а уживавте во сонот? Можете да му се вратите. Само продолжете да лежите мирно, не ги мрдајте мускулите, не размислувајте и постои шанса сонот да потрае уште неколку минути

5. Сништата кои се повторуваат кријат порака. Ако некој сон често ви се повторува, веројатно потсвеста сака да ви порача нешто. После будењето обично ги забораваме соништата, но ако го помните можеби треба и да размислите зошто се повторува и дали е резултат на нешто подлабоко. Најчесто зад нив се кријат стравови, големи животни промени и проблеми кои ги игнорираме додека сме будни.

6. Можеме да го контролираме сонот. Интригантното сценарио на филмот Inception каде главните ликови со помош на соништата влијаат на реалните настани, не е неостварливо. Истражувањето спроведено на 3.000 личности покажало дека 64,9% од нив биле свесни дека сонуваат, а 34% повремено може да влијаат на сонот.

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg