„За љубоморниот маж никогаш нема одмор“: 12 шпански народни мудрости
„Честа и користољубивоста не живеат под ист покрив“ и уште 11 други шпански поговорки.
Шпанската традиција носи големи мудрости. Тие се пренесуваат од генерација на генерација и се сè уште актуелни.
Дел од шпанските народни мудрости:
- „Кој сака да пее, секогаш ќе пронајде песна.“
- „Кој има долгови, а прави нови, и да не лажел ќе почне да лаже.“
- „Честа и користољубивоста не живеат под ист покрив.“
- „Кој на крадецот му гледа низ прсти и самиот е крадец.“
- „И добриот човек и добриот коњ луѓето го јаваат.“
- „Потцени го својот непријател и брзо ќе бидеш победен.“
- „За љубоморниот маж никогаш нема одмор.“
- „Не може да се сака и да се биде разумен.“
- „Оние што малку знаат, брзи се на јазик.“
- „Раните се лечат, но не и злите зборови.“
- „Слушни што зборува за другите и ќе знаеш што зборува за тебе.“
- „Плашливата љубов, не е љубов.“
С. С. | Црнобело