Трпението е лек за тагата, паметните го следат срцето и уште 15 други мудри мисли
Кои навики, вештини и карактерни особини нè прават слаби, а кои нè издигнуваат над другите?
Понекогаш тонеме во очај без да се сетиме дека тагата е минлива и потребно е само трпение. Понекогаш врескаме наоколу како ние сме најсилните, а знаеме дека во себе се кршиме како фиданка и при најмал лош збор.
Мудри мисли што ќе ви го сменат погледот на светот:
Која вештина е најретка? Способноста да се дава.
Која вештина е најдобра? Способноста да се простува.
Која вештина е најтешка? Способноста да се молчи.
Која вештина е најважна? Способноста да се праша.
Која вештина е најпотребна? Способноста да се слуша.
Која навика е најнепријатна? Суетата
Која навика е најштетна? Гордоста.
Која човек е најсилен? Човекот способен да ја разбере вистината.
Кој човек е најслаб? Човекот што се смета себеси за најсилен.
Кој човек е најпаметен? Човекот што го следи своето срце.
Кој човек е најсиромашен? Човекот што најмногу сака пари.
Со што да ѝ се спротивставите на неволјата? Со радост.
Со што да ѝ се спротивставите на тагата? Со трпение.
Кој е знак за здрава душа? Вербата.
Кој е знак за болна душа? Безнадежноста.
Кој е знак за добри постапки? Мир во душата.
Кој е човекот што никогаш нема да умре? Човекот што го сакаат другите.
С. С. | Црнобело