„Јас сум посилна од стравот“: 13 инспиративни цитати од Малала Јусуфзаи

Таа е една од најпознатите светски активистки за мир која вели дека секој има право да го живее животот на начинот на кој сака.

jas-sum-posilna-od-stravot-13-inspirativni-citati-od-malala-jusufi-01.jpg

Инспиративната активистка од Пакистан денес има 20 години и студира на Оксфорд.

Малала Јусуфзаи е најмладата добитничка на Нобелова награда. Нејзината инспиративна животна приказна прочитајте ја ТУКА.

Дел од нејзините мотивирачки цитати:

- „Да запомниме: Една книга, едно пенкало, едно дете и еден учител може да го променат светот.“

- „Кога целиот свет е тивок, дури и само еден глас станува моќен.“

- „Јас зборувам не за себе, туку за тие без глас. Тие што се борат за нивните права, право на живот во мир, право да бидат третирани со достоинство, право на еднаквост и можност, право да бидат едуцирани.“

jas-sum-posilna-od-stravot-13-inspirativni-citati-od-malala-jusufi-02.jpg

- „Ако одите каде било, дури и во рајот, ќе ви недостига вашиот дом.“

- „Најдобриот начин да ги решите проблемите и да се борите против војната е преку дијалог.“

- „Постојат многу проблеми, но јас мислам дека постои решение за сите овие проблеми. Тоа е само едно – едукацијата.“

jas-sum-posilna-od-stravot-13-inspirativni-citati-od-malala-jusufi-03.jpg

- „Велам – јас сум посилна од стравот.“

- „Интересна е моќта на социјалните мрежи, па треба да се обидеме да ги користиме на позитивен начин.“

- „Сметам дека имам право да го живеам мојот живот на начин на кој јас сакам.

- „Мојата приказна е приказна на илјадници луѓе во светот. Се надевам дека ќе ги инспирира другите да се борат за своите права.“

jas-sum-posilna-od-stravot-13-inspirativni-citati-od-malala-jusufi-04.jpg

- „Постојат толку многу личности во нашата историја кои не верувале дека може да направат промена, но направиле.“

- „Животот не е само вдишување на кислород и испуштање на јаглерод диоксид.“

- „Ајде да ја направиме нашата иднина сегашност и да ги претвориме нашите соништа во утрешна реалност.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg