Инспиративната приказна на Малала Јусуфзаи

„Ја раскажувам мојата приказна не затоа што е уникатна, туку поради тоа што не е. Тоа е приказната на многу девојчиња“ - вели Малала во нејзината автобиографија. 

inspirativanta prikazna na malala jusufzai 1

Малала е родена во Мингора, Пакистан а нејзиното раѓање не било причина за славење во нејзиното родно место, поради стереотипот кој уште постои во Пакистан и поради предодредената судбина која сите девојчиња ја имаат таму.

Но нејзиниот татко, Зијаудин бил решен да ѝ овозможи образование и животот на својата ќерка, како што секое момче има шанса да го искуси. Тој и самиот бил учител и ветил дека неговата ќерка ќе оди во училиште и ќе биде третирана еднакво како и машкиот пол во нивната семејна куќа.

Малала ја делела страста кон учењето на нејзиниот татко и уште како многу мала читала многу книги.

Но во 2007 година Талибанската војска го окупира местото на живеење на Малала и нејзиниот свет се променува. Тие забраниле многу работи како телевизија и музика и следувале многу тешки казни и јавни погубувања за оние кои ќе се противречат на наредбите.

Во декември 2008 година, Талибанците забраниле девојчињата да одат во училиште. Овде почнува и неверојатната приказна на Малала.

Животот под псевдоним

Користејќи го името Гул Макаи за да го заштити својот идентитет, Малала почнала да пишува блог за BBC. Во блогот таа го опишувала нејзиниот живот под Талибанска окупација. Таму објаснува како се чувствува последните денови пред нејзиното училиште да се затвори.

„Имав многу лош кошмар со воени хеликоптери и Талибанци. Ги имам овие соништа откако почна воената операција во Сват. Мајка ми ми направи појадок и тргнав на училиште. Ми беше страв да одам во училиште затоа што Талибанците им забранија на сите девојчиња да одат во училиште. Само 11 ученици дојдоа од вкупно 27. Бројот се намали поради Талибанската наредба. Моите три пријателки се преселија во Пешават, Лахоре и Равалпинди со нивните семејства после забраната. На мојот пат кон дома слушнав еден човек како вели - Ќе те убијам. Почнав да одам побрзо и по некое време се свртев да видам дали човекот уште оди позади мене. За среќа зборувал на телефон и сигурно му се заканувал на некој друг.“

inspirativnata prikazna na malala jusufzai 2

Денот кога Талибанците пробаа да ја убијат

Пред Малала да добие куршум во главата, ѝ кажала на нејзината најдобра пријателка - „Немој да се грижиш, Талибанците никогаш нема да дојдат по мало девојче“.

Малала имала само 11 години кога им се спротиставила. Таа почнала јавно да зборува за правото на девојчињата да одат во училиште, пишувала блог за BBC и се појавила во документарец за The New York Times.

inspirativanta prikazna na malala jusufzai 6

Нејзиниот татко, Зијаудин Јусуфзаи водел училиште за девојчиња во Сват регионот и бил на мета на Tалибанците. Големиот интерес на јавноста за Малала ја направила мета исто така.

„Не бев исплашена, но почнав да проверувам навечер дали портата е заклучена и го прашував Бог што се случува откако ќе умреш.“

Пред пукањето Малала напишала во нејзиниот дневник што би направила ако некој терорист дојде и проба да ја убие:

„Би го удрила со мојот чевел. Но ако би го направила тоа, не би постоело разлика помеѓу мене и терористот. Би било добро да пробам да разговорам, добро пукај во мене но прво ислушај ме. Немам ништо лично против тебе. Јас само сакам секое девојче да може да оди во училиште.“

На 9-ти Октомври, 2012 година, Малала се враќала од училиште кога еден млад човек со брада застанал пред училишниот автобус. Во автобусот имало 20 девојчиња и три учители. Маскираниот човек се приближил кон автобусот и прашал која е Малала. Никој не кажал ништо но сите погледнале кон Малала која во моментот била единствена со непокриено лице.

inspirativanta prikazna na malala jusufzai 3

„Тогаш тој го крена црниот пиштол. Некои од девојчињата почнаа да врескаат. Мониба ми кажа дека сум ја стиснала раката. Моите пријателки ми кажаа дека човекот пукнал три пати. Едниот куршум помина низ очниот капак, паднав врз Мониба и крвта ми се слеваше низ левото уво, а другите два куршуми ги погодија девојчињата позад мене.“

Куршумот не направил штета на мозокот, а таа поминала 3 месеци во болница во Англија каде што била оперирана неколку пати.

Ден на Малала

Нејзиното прво појавување во јавноста по нападот беше на нејзиниот 16-ти роденден кога таа имаше говор на самитот на Обединетите нации. 12 Јули беше прогласен за „Ден на Малала“ од Обединетите нации.

Тогаш таа стана најмладата личност која некогаш била номинирана за Нобелова награда. Го основа Малала фондот, непрофитна организија која се бори за правата за едукација на девојчиња низ светот преку.

Малала го посвети нејзиниот живот на борење во она во што верува.

„Се чувствувам како овој живот да не е мој живот. Како ова да е некој втор живот. Многу луѓе се молеа на Бог да ме спаси и јас бев спасена со причина, да го искористам мојот живот за да помагам на луѓето.“ 

inspirativanta prikazna na malala jusufzai 5

Малала покрај сè е тинејџер како и сите други

Добро не секој тинејџер успеал да го запознае Барак Обама и неговото семејство, Бекам, па дури и да разговара со Џастин Бибер. Но Малала денес има само 20 години и извонредни достигнувања позади неа.

Таа е голем активист за правата на девојчиња на едукација и често патува низ загрозени земји каде што служи како пример за храброст на луѓето да не потклекнуваат на диктаторски закани. Како на многу тинејџери, така и нејзе голема симпатија и е тенисерот Федерер.

inspirativanta prikazna na malala jusufzai 4

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg