Ако душата не се приврзала, телото нема долго да издржи
Мали бисери мудрости кои ќе ве освестат за само неколку минути и ќе ви дадат нов, поинаков агол од кој ќе ги гледате животните случувања.
Секоја фраза е посебна и обработува посебна тематика, но сите заедно се клучни да ги запаметите за здрав разум и среќен живот.
Нека ви помогнат да се „наштелувате“ за подобро утре:
1. Соништата треба да се будали или нереални. Во спротивно, тоа се само планови за утре.
2. Спокојството е посилно од емоциите. Молчењето е погласно од викањето. Рамнодушноста е полоша од војна.
3. Научете да пуштате. Сродното секогаш наоѓа пат да се врати.
4. Живеј така, што кога луѓето ќе те сретнат ќе се насмевнат и кога ќе комуницираат со тебе ќе станат барем малку посреќни.
5. Понекогаш, по некои чудни патишта, во животот сè си доаѓа на свое место само по себе.
6. Понижувајќи ги другите, нема да станеш поголем.
7. Нашата најголема заблуда е тоа што веруваме дека имаме уште многу време.
8. Сите имаат свои проблеми – кај некого тоа што е лебот бајат, кај некого тоа што дијамантот е премал. Ценете го она што го имате.
9. Понекогаш човек си заминува од тебе за да те заштити. Не трчај по него.
10. Не тагувај по она што се случило порано и не се радувај на нешто што сè уште се нема случено.
11. Ако душата не се приврзала за другата, телото нема долго да издржи.
М. Д. | Црнобело