Ако веќе бев принцеза, би била борбена принцеза: 12 мисли од Ема Вотсон
Од нејзината најголема улога во животот како Хермиона, најумната волшебничка во од Хари Потер филмот до нејзината последна адаптација на Убавицата и Ѕверот, како Бела, Ема Вотсон има изградено кариера во која често ги глуми најинтелигентните карактери.
Таа има дипломирано на Браун универзитетот, има остар ум и остар јазик кој го користи во интервјуа, на социјалните мрежи и многу настани на Обединетите Нации.
Таа е многу повеќе од модна икона, за многу од нејзините фанови таа е пример за однесување со нејзиниот приземјен однос и добро срце.
Еве неколку од нејзините најпознати мисли:
1. На младите девојчиња им е кажано дека мора да бидат принцези, да бидат деликатни и нежни, и тоа е ужасно. Јас се идентификувам повеќе со борец. Ако веќе бев принцеза, би била борбена принцеза дефинитивно. Мислам дека жените понекогаш се плашат да бидат моќни, силни и храбри. Мислам дека тоа е нешто што треба да го прифатиме како дел од себе.
2. Не сакам другите луѓе да одлучуваат за тоа која сум јас. Сакам да го одлучам тоа за самата себе.“
3. Не сакам стравот од неуспех да ме спречи да го правам тоа што најмногу го сакам.
4. Најмногу учиме од грешките, така да колку и некој да може да ти даде совет, мораш да направиш свои грешки со цел да научиш
5. Не очекувај промените да се случат преку ноќ, иако не се секогаш очигледни, тие имаат многу повеќе влијание отколку што мислите.
6. Со фотошопирањето и дигиталната манипулација, модата проектира една недостижна слика што е опасно нездрава. Јас сум возбудена за процесот на стареење. Ме интересираат повеќе жените кои не се перфектни. Тие се повеќе привлечни.
7. Сè што можам да направам е да ги следам моите инстинкти, затоа што никогаш не можам да ги задоволам сите.
8. Сакам книги кои не се само убави, туку имаат спомени во нив. Како што можат песни, така можат и книгите кога ги читате одново да ве вратат на друго место во друго време.
9. Да бидете своја личност е многу тешко, многу збунувачко и е тежок процес. Јас бев премногу ентузијастична во училиште, бев девојчето кое секогаш прва креваше рака. Многу често не е баш кул да бидете личноста која се издвојува на овој начин, и многу често бев задевана, но сфатив дека ако навистина се внесете во она во што верувате со цело срце, дури иако ве прави ранливи, извонредни работи можат да се случат.
10. Јас навистина верувам дека убавината доаѓа одвнатре. Можете да изгледате убаво само ако се чувствувате убаво одвнатре. Тогаш убавината се покажува на вашето лице, на начинот на кој се движите и како се држите.
11. На почетокот кога почнав да имам љубовни врски имав некоја идеја дека љубовта изгледа романтично како Ромео и Јулија. Во оваа идеја зa љубовта секогаш мислев дека треба да бидеш жртва и дека има многу болка и дека така се треба навистина да изгледа. Шекспир рекол дека патот кон вистинската љубов никогаш не е лесен, па така го добив тоа мислење дека љубовта мора да биде болна. Ми беше огромно олеснување кога дознав дека не мора да биде така и дека ние самите одлучуваме кого сакаме и кому да го дадеме нашето срце. Звучи како клише но исто така научив и дека нема да ја запознаете и да се вљубите во вистинската личност сè додека вистински не се сакате самите себеси.
12. Никогаш не се чувствувам толку моќно како што се чувствувам кога сама ќе отворам тешка тегла.
А. В. | Црнобело