Најголем грев е да си глупав: 10 факти за сатанизмот

Тие имаат бизарни сатанистички ритуали и голем дел од нивните ставови се сведуваат на контрирање на христијанството.

nedostigot-od-inteligencija-e-najgolem-grev-10-fakti-za-zatanizmot-01.jpg

Сатанизмот е верување кое се поврзува со низа темни и грозоморни злосторства. Настанал во средниот век и се негувал преку повремени средби во мали тајни групи.

Настанувањето на сатанизмот и неговото постоење се поврзува со христијанството и сатанизмот се гледа како една од реакциите на христијанството.

Некои факти за ова верување навистина ќе ве изненадат:

1. Официјалната сатанистичка црква е основана во 1966 година од Anton LaVey и е посветена на прифаќањето на вистинската природа на човекот, кој е ѕвер што живее во космосот, кој е индеферентен кон неговото постоење. Организацијата не верува во Господ, па најголемиот дел од членовите се атеисти.

2. Спротивно на општото верување, на сатанистите не им е дозволено да жртвуваат ништо. Религијата строго забранува повредување или убивање на живо суштество за некоја повисока цел или пак во самоодбрана.

nedostigot-od-inteligencija-e-najgolem-grev-10-fakti-za-zatanizmot-02.jpeg

3. Сатанистичката црква не презема одговорност за коe било од насилните дела кои се случуваат за време на сатанистичките ритуали.

4. Во средниот век стапката на морталитет била толку голема што акушерките биле обвинувани дека понекогаш ги жртвуваат бебињата на ѓаволот.

nedostigot-od-inteligencija-e-najgolem-grev-10-fakti-za-zatanizmot-03.jpeg

5. Најголемиот грев според сатанистите е да бидеш глупав. Недостигот од интелигенција дефинитивно е најголемиот грев во нивните очи.

6. Некогаш чинело два долара да станете член на сатанистичката црква, денес чини 200 долари.

nedostigot-od-inteligencija-e-najgolem-grev-10-fakti-za-zatanizmot-04.jpeg

7. Сатанистичката библија е составена од 4 книги и тоа книга за Satan, Lucifer, Belial и Leviathan. Книгата за сатаната ги предизвикува 10-те божји заповеди.

8. Сатанистичката црква е комплетно против црната магија, како и секој вид на „злобна“ магија.

nedostigot-od-inteligencija-e-najgolem-grev-10-fakti-za-zatanizmot-07.jpeg

9. Сатанистите многу веруваат во природата и нејзината моќ. Тие ги слават рамнодениците, сончевите и лунарни затемнувања итн.

10. Тие веруваат дека само луѓето се одговорни за нивните сопствени животи и дека ниту едно божество не може да ја контролира нивната судбина. Не е ни чудо, што оваа религија привлече толку многу атеисти.

nedostigot-od-inteligencija-e-najgolem-grev-10-fakti-za-zatanizmot-05.jpeg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цитати за сите оние кои изгубиле некого: „Тагувањето не те прави несовршен, туку те прави човек“ „Ќе изгубите личност без која не ќе можете да живеете, а срцето ќе ви биде скрше...
Факти за човечкото тело што ги бунат и научниците Знаевте ли дека фетусот може да го забрза закрепнувањето на телото на мајката? А...
Аину народот и нивната традиција: Мажите не се бричат, девојките се тетовираат пред да се омажат Поради изгледот биле дискриминирни од Јапонците. Пред да се омажат, девојките ст...
Родена е во Шпанија, ја мрази скиентолошката црква – Факти за градоначалничката на Париз „Јас сум функционер избран од народот, а не модел“, изјави Ен Идалго, градоначал...
На секој крузер има мртовечница и уште 6 факти што ќе ви го расипат денот Знаевте ли дека постои болест која може да ве натера да мислите дека сте мртви? ...
Пораснал во религиозно семејство, не сакал да стане славен – Факти за Хозиер Иако пораснал во религиозно семејство, денес Хозиер вели дека е агностик и дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg