10 години Gossip Girl - најдобрите цитати на Блер Волдорф
Пред точно една декада, Озборувачката (Gossip Girl) ја доживеа својата премиера и се чини дека целиот свет едноставно полуде. А имаше и зошто.
Тинејџерската серија која беше исполнета со мистерија, интриги и подли игри беше потајно обожавана и гледана како од помладите, така и од постарите генерации.
Во фокусот на серијата секако беа Блер Волдорф и Серина Ван Дер Вудсен и можевте да бидете тим Блер или тим Серина. Сите оние кои ја одбраа незаборавната Блер со нетрпение ја очекуваа секоја нова епизода која прикажуваше нова перфектна модна комбинација.
Всушност, венчињата и лентите за коса станаа прилично популарни преку ноќ со Блер на екраните.
Стилот на Блер, нејзиниот карактер и појава како и бурната љубов со Чак засени сè друго што се случуваше во серијата – еволуцијата на шишката на Ден, вафлите на татко му, наивноста на Нејт, долгоногата Серина, па дури и тоа кој/а е вистинската Озборувачка?
Блер стана еден од култните ликови од тв серија, а остана запаметена по цитатите за животот, љубовта и модата:
1. Судбината е за губитници. Тоа е само глупав изговор со кој чекате да се случат нештата наместо да направите да се случат.
2. Не можете да ги натерате луѓето да ве сакаат, но можете да направите да се плашат од вас.
3. Луѓето не пишуваат песни за тоа колку се двајца складни или пак романи во врска со нивните заеднички цели и стимулативни разговори. Големите љубови се за оние коишто се луди.
4. Кој и да рекол дека со парите не можеш да си купиш среќа, не знаел каде треба да купува.
5. Штом мажите еднаш вкусиле кавијар, не сфаќам како може да се задоволат со сом.
6. Ако навистина сакате нешто, нема да сопрете пред ништо и никого додека не го добиете.
7. Самите ја пишуваме својата бајка.
8. Работата во врска со секој нов почеток е дека е потребно нешто друго да заврши.
9. Ако планираш да си тажен, подобро е да бидеш тажен во Париз.
10. Сите пробуваме стари алишта одвреме-навреме и секако, може дури и да се изненадиме како сè уште нè собираат, но тоа не значи дека треба да го носиме.
11. Јас не сум попатна станица, јас сум крајната дестинација.
12. Хеланките не може да заменат панталони.
13. Најважните забави на кои треба да присуствувате се оние на кои не сте поканети.
14. Мојот живот врие од изобилство. Не ми треба момче за да се чувствувам исполнето.
15. Модата е најмоќната уметност којашто постои. Таа е движење, дизајн и архитектура, сè во едно. Му покажува на светот кои сме и какви сакаме да бидеме.
16. Не сме им слуги на нашите емоции. Можеме да ги контролираме, да ги потиснеме и да ги смачкаме како бубачки.
(О)Милена | Црнобело