Драга Жено, не престанувај да бидеш жена без разлика како овој свет те третира!

Мајкл Рид е новинар и писател, а негово најпознато дело е книгата „Dear Woman“.

draga zeno ne prestanuvaj da bidesh zena bez razlika kako ovoj svet te tretira 01

Ова е книга со цитати, писма, куси приказни и поеми напишани за да им обезбедат едукација, мотивација, охрабрување на жените од сите возрасти.

„Dear Woman“ е патување во најдлабоките и најтемните катчиња на животот на жените со надеж за внесување на малку светлина и љубов.

Оваа книга е напишана од перспектива на маж кој не сака да бидете ништо помалку од најдобрата жена што е можно без разлика на околностите.

Мајкл Рид посакува без разлика како светот ве третира како жена да не престанете да бидете жена во него.

Неговите цитати од оваа книга веќе години наназад кружат на социјалните мрежи.

Драга Жено,

Понекогаш едноставно ќе бидеш премногу жена.

Премногу паметна,

Премногу убава,

Премногу силна.

Премногу од нешто што прави мажот да се чувствува помалку како маж

и ќе направи да се почувствуваш како да треба да бидеш помалку жена.

Најголемата грешка што можеш да ја направиш

е да ги тргнеш скапоценостите од својата круна

за да ја направиш полесна за маж да ја носи.

Кога ова ќе се случи сакам да разбереш:

Тебе не ти е потребна помала круна,

тебе ти е потребен маж со поголеми раце.

Колку повеќе таа се пронаоѓаше себеси,

толку помалку чувствуваше потреба да пронајде маж

што ќе направи да се чувствува дека е вредна.

Работа на мажот не е да ѝ ја даде на жената нејзината круна.

Негова работа е само да ја почитува.

Во совршен свет,

жената ја добива својата круна од нејзиниот татко,

а нејзината мајка ѝ покажува како треба да биде носена.

Жено те молам запомни едно:

Со големата моќ,

доаѓа голема одговорност.

Одговорност кон себе,

одговорност кон светот,

одговорност кон твојот свет

и сѐ што пушташ во него.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg