Најубавите љубовни цитати од „The Notebook“
Овие 8 прекрасни цитати ќе ви го стопат срцето и ќе ви ги насолзат очите.
Поминаа 13 години од излегувањето на филмот „The Notebook“, но тој сѐ уште не е тргнат од тронот за најромантичен филм на сите времиња.
Ретко кој не ја погледнал филмската адаптација на романот на Николас Спаркс, каде се слави прекрасната љубовна приказна на Ноа и Ели.
Се сеќавате како бакнувањето на дождот го однесоа во една сосема нова димензија?
Иако се работи за филм од 2004-та година, сигурни сме дека овие цитати ќе ве потсетат на неговата романса и ќе ве инспирираат да го погледнете повторно.
„Ти напишав 365 писма. Ти пишував секој ден цела година. Не беше готово... сѐ уште не е готово.“
„Нема да биде лесно. Ќе биде навистина тешко. И ќе треба да работиме секој ден, но сакам да го сторам тоа затоа што те сакам. Те сакам целата тебе, засекогаш, ти и јас.“
„Ако ти си птица, јас сум птица.“
„Беше вистинско, зарем не? Ти и јас. Толку одамна, ние бевме само деца. Но навистина се сакавме еден со друг, нели?“
„Најдобрата љубов е онаа што ја буди душата, што прави да сакаме повеќе, што всадува оган во нашите срце и носи мир во нашите умови.“
„Тие не се согласуваа многу. Всушност, тие ретко се согласуваа за било што. Се караа цело време и се предизвикуваа еден со друг секој ден. Но и покрај разликите, тие имаа една важна заедничка работа – беа луди еден за друг.“
„Престани да размислуваш што сакам јас, што сака тој, што сакаат твоите родители. Што сакаш ти?“
„Јас мислам дека нашата љубов може да стори сѐ што сакаме.“
С. С. | Црнобело