Не барај маж што ќе те спаси, спаси се сама - 10 позитивни цитати кои ќе ве натераат да се гордеете што сте жена

Да си жена е проклето мачно понекогаш, но истовремено прекрасно и магично.

10-pozitivni-citati-koi-ke-ve-nateraat-da-se-gordeete-sto-ste-zena-01.jpg

Да знаеш дека од обичната храна може да создадеш вкусен оброк, од куќата – дома и дека од тебе може да се роди нов живот е прилично фасцинантно.

Но жените понекогаш ја забораваат својата вредност и убавина и со неверување се гледаат во огледалото, сакајќи да ги избришат стриите, брчките, лузните.

Сите оние нешта кои се составен дел од нас и нè прават она што сме – уникатни и прекрасни. Па да се потсетиме колкава е нашата женска моќ низ овие 10 цитати кои веруваме ќе ви го разубават денот. И ќе ве натераат да се погледнете од една соема поинаква, поубава перспектива:

1. Секоја жена може да смени неколку улоги ако биде приморана.

2. Кога некоја жена ќе ти даде комплимент дека си убава, поверувај ѝ. Бидејќи не те лаже.

3. Сите понекогаш се будиме со премногу лош здив кој би можел да убие некого. Немој да се чувствуваш лошо поради тоа.

4. За секоја една жена која е несреќна поради своите стрии, постои друга која посакува да ги има и да го искуси чинот поради кој се појавуваат.

5. Дефинитивно треба да имаш повеќе самодоверба. Бидејќи ако се гледаш себеси како прекрасна, другите ќе те доживуваат на истиот начин.

6. Не барај маж за да те спаси. Спаси се самата себе.

7. Во ред е да не го сакаш секој дел од своето тело... но би требало да дадеш сè од себе за да го засакаш.

8. Сите имаме барем една пријателка која изгледа дека ги држи сите конци под контрола и е безмалку совршена. Можеби вие сте токму таа жена за некоја друга личност.

9. Ти треба да си приоритет. Не последно прибежиште, резервен план или опција бр. 2.

10. Ти си жена. И тоа те прави проклето извонредна.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg