Погрешни факти во кои веруваме уште откако бевме деца
Уште од мали нозе учиме некои работи кои едноставно се така и не ни помислуваме да се посомневаме во нивната точност.
Сепак, повеќето од нив се само една лага која се пренесува од генерација на генерација.
На пример следниве:
Миењето на рацете со сапун ги убива бактериите
Миењето со сапун не ги убива бактериите, туку само ги отстранува нечистотиите од рацете, кои се подлога за размножување на бактериите.
Ако голтнете гума за џвакање, ќе остане во вас цели 7 години
Ако родителите ве лажеле вака како мали, време е да престанете да им верувате. Гумата за џвакање ќе ја исфрлите за 1 до 2 дена.
Бричењето на влакната ги прави само поцврсти
Откако ќе пресечеме еден крај на влакното, тоа не го менува составот на коренот. Тоа продолжува да си расте со иста големина и цврстина.
Ако допрете жаба, ќе ви се појават брадавици
Брадавиците се бенигни и предизвикани од вирус кој може да го закачите на јавни места или во контакт со заразен човек.
Косата и ноктите растат и по смртта
Нелогично е, бидејќи во телото повеќе не се остварува никаков процес.
Антибиотиците ги убиваат вирусите
Всушност, антибиотиците влијаат само на бактериите, спречувајќи го нивното размножување.
М. Д. | Црнобело