6 Проблеми кои ги имаат високо интелигентните личности
Постои стереотип според кој високо интелигентните луѓе се буквално супер луѓе кои можат да се справат перфектно со било која ситуација. Но, на крајот од денот сите сме луѓе и сите имаме проблеми независно од тоа колку сме интелигентни.
Ако имате висока интелигенција можете честопати да се чувствувате осамено поради недостаток на разбирање од страна на вашите блиски.
Еве кои се најчестите проблеми на високо интелигентните луѓе:
1. Мразите празни муабети
Вистински предизвик ви претставува кога сте приморани да правите празни муабети за обични секојдневни работи. Овие муабети прават да се чувствувате како да сте заглавени во циклус на социјално прифатливи фрази кои ве гушат. Се што сакате да правите е да разговарате со некоj сличен на вас за важни теми и да споделувате идеи.
2. Мислите повеќе отколку што зборувате
Вашиот мозок ги бара сите можни одговори или решенија на проблеми и затоа многу често ви треба повеќе време од просечните луѓе да го изјасните вашите мислење или да донесете заклучок. Всушност, ако не сте сигурни во вашето мислење попрво ќе премолчите. Вашиот проблем лежи во тоа што луѓето околу вас не го разбираат начинот на кој функционира вашиот мозок и затоа ве перципираат како интроверт, незаинтересиран, ладен и слично.
3. Многу брзо ви досадува секое работно место
Вашиот мозок има потреба од константен предизвик со нови, подобри идеи и проекти. Кога ќе ја научите работата и ќе видите дека веќе немате што да научите од таа работна позиција, работата веднаш ви станува здодевна па дури и неподнослива.
4. Понекогаш се блокирате
Тешко е да трошите многу време на размислување во свет кој е ориентиран кон грабење и трчање кон целта. Додека вие сте полни со различни идеи, понекогаш ви недостасува импулсот на акција. За жал, луѓето често го помешуваат тоа со мрзливост, што ви прави да се чувствувате потценети.
5. Луѓето ве перципираат како социјално неснаодливи
Кога мразите празни муабети, не ве инспирираат обични и секојдневни работи, не зборувате многу без добро да размислите тогаш не се вклопувате во друштво на голем број луѓе. Најчесто ве карактеризираат како чудаци.
6. Тешко се заљубувате
Дефинитивно не сте од оние што можат да пронајдат љубов на секој чекор. Вашите барања од љубовта се многу поголеми од тие на обичните луѓе. Вие сте многу претпазливи, аналитички настроени и независни и поради овие карактеристики можеби изгледате како да сте ладни. Плус, високо интелигентните луѓе не се баш спонтани, што може да направи луѓето да го изгубат интересот за вас.
А. В. | Црнобело