Сè што Кери Бредшо се прашуваше во нејзината колумна во „Сексот и градот“
„Сексот и градот“ денеска е запаметена како серија со премногу мода, секс и хедонизам, но всушност целото сценарио се вртеше околу филозофските прашања со кои Кери ја започнуваше секоја своја колумна.
Таа сите нејзини скриени мисли (што сигурно сите ги имаме поминувајќи низ одредени стадиуми во животот) ги споделуваше со нас како публика и нè тераше да размислуваме подлабоко за работите зошто се такви какви што се.
Еве ги најдобрите прашања што Кери Бредшо ги постави во текот на целата серија:
1. Дали постои тајна војна помеѓу оние кои се во брак и оние што се сингл? Сезона 1, Епизода 3
2. Колку од нас имаат предобар секс со некој што ни е срам да го претставиме пред нашите пријатели? Сезона 1, Епизода 6
3. Во град како Њујорк со можности без граници, дали моногамијата стана нешто што е премногу да го очекуваме? Сезона 1, Епизода 7
4. Во град со огромни очекувања, дали е време да се задоволиме со тоа што можеме да го добиеме? Сезона 1, Епизода 9
5. Дали сè уште постојат работи во врската кои не смееме никогаш да ги кажуваме? Сезона 2, Епизода 2
6. Жените не се странци на лажирањето...ја лажираме бојата на косата, големината на градите... По ѓаволите, дури носиме и лажно крзно. Не можев, а да не се запрашам, дали стравот од тоа да останеме сами, одеднаш го покачи нивото на лажирање? Дали глумиме повеќе од оргазми? Сезона 2, Епизода 4
7. Факт е дека актот на изневерување е дефиниран според актот на тоа да бидеш фатен во изневерување. Едното не постои без другото. Се прашував, дали Саманта беше во право? Дали изневерувањето не постои ако нема никој наоколу кој може да те фати? Сезона 2, Епизода 6
8. Во град циничен како Њујорк, дали сè уште е можно да веруваш во љубов на прв поглед? Сезона 2, Епизода 7
9. Дали сме способни да веруваме во сè и сешто, само за да бидеме во врска? Сезона 2, Епизода 8
10. Дали мораш да играш игри за да успее врската? Сезона 2, Епизода 13
11. Дали во секоја инспирирана, полна со самодоверба и сингл жена, постои деликатна и ранлива принцеза која чека да биде спасена? Дали Шарлот беше во право? Дали жените само сакаат да бидат спасени? Сезона 3, Епизода 1
12. Кога станува збор за врски, дали е подобро да го следиш срцето или главата? Сезона 3, Епизода 9
13. Дали во врските, искреноста е најдобрата политика? Сезона 3, Епизода 12
14. Независно колку патуваш или колку бегаш од тоа, дали некогаш можеш да избегаш од твоето минато? Сезона 3, Епизода 13
15. Можеме да видиме сè што им се случува на нашите пријатели перфектно добро, но кога станува збор за нас, без разлика колку се трудиме, дали се гледаме самите јасно? Сезона 4, Епизода 2
16. Што доаѓа прво - врската или сексот? Сезона 4, Епизода 4
17. Кога една врска умира, дали сме засекогаш прогонувани од духовите на поранешните врски? Сезона 4, Епизода 5
18. Дали некогаш ќе можеш да простиш, ако неможеш да заборавиш? Сезона 4, Епизода 7
19. Дали навистина ги сакаме тие работи, брак и деца? Или само сме програмирани да ги сакаме? Сезона 4, Епизода 15
20. Дали може да направиш грешка и да си ја пропуштиш судбината? Сезона 4, Епизода 18
21. Ако знаеме дека куќата секогаш добива, зошто се обложуваме? Сезона 5, Епизода 3
22. Зошто дозволуваме една работа која ја немаме, да влијае на сите работи кои ги имаме? Сезона 5, Епизода 5
23. Дали врската е врска без „за за зу“? Сезона 5, Епизода 8
24. Кога станува збор за финансии и врски, зошто продолжуваме да инвестираме? Сезона 6, Епизода 1
25. Кога конструктивниот критицизам станува деструктивен? Дали жените треба понекогаш едноставно само да замолчат? Сезона 6, Епизода 4
26. Дали ни треба дистанца за да станеме поблиски? Сезона 6, Епизода 6
27. Дали бараме лекции од работите, за да си ја намалиме болката? Сезона 5, Епизода 7
28. Кога станува збор за желбите на нашето срце, дали најдобро знаевме додека бевме во средно? Сезона 6, Епизода 10
29. Дали станавме нетолерантни кон романтиката? Сезона 6, Епизода 14
30. Дали е време да престанеме да се прашуваме? Сезона 6, Епизода 18
А. В. | Црнобело