Славни мажи кои не се плашат од епитетот „феминист“
Феминизмот буди бурни реакции кај секого, без разлика дали тие одат во позитивна или во негативна насока. Историски гледано, феминизмот отсекогаш се фокусирал на моќта и еднаквоста на жените, меѓутоа во модерен контекст е во насока да се намалат стереотипите и да се гледа на луѓето еднакво без разлика на полот.
Според Google Trends, пребарувањата поврзани со феминизмот, оваа недела се зголемиле за 27%. Ова не е воопшто изненадувачки кога ќе се земат предвид движењата на жените, од Lean Li и Ban Bossy, до албумот на Бијонсе „Who Run the World? (Girls)“ како и кампањата #HeforShe на Ема Вотсон.
Сепак, жените не се единствените поддржувачи на феминизмот. Многу од нашите омилени машки славни имиња се вбројуваат во списокот на поддржувачи, кои јавно ја изразуваат својата поддршка за половата еднаквост.
Во продолжение прочитајте неколку инспиративни мисли на ѕвездите кои се доказ дека и мажите можат да бидат феминисти.
Ченинг Тејтум
„Јас сум воспитан и израснат во семејство каде ме учеа да бидам џентлмен, да ги почитувам жените и да верувам во љубовта и романтиката. Никогаш не сум сакал да ја третирам жената како објект, ниту пак да имам романса за една ноќ. Мојата сопруга, Џена е најдоброто нешто што ми се има случено во животот. Веднаш штом ја видов, знаев дека таа е жената со која сакам да го поминам целиот свој живот.“
Даниел Редклиф
„Последниве години има сè повеќе жени се текстописци, а исто така значително е зголемен и бројот на жени-режисери, продуценти како и директори на фотографија. Јас мислам, но и искрено се надевам дека филмската индустрија полека ќе се балансира.“
Мет Дејмон
„Доколку имав листа со желби, дефинитивно на прво место ќе стоеше мојата желба дека сакам моите 4 девојки (сопругата и 3-те ќерки) да ги израснам во силни и добри жени.“
Марк Рафало
„Јас мислам дека луѓето најмногу ги нервира фактот што навистина ни требаат повеќе жени суперхерои. Мажите можат да прават сѐ, може да имаат афера, можат да бидат силни или слаби, и никој да не го интересира тоа. Но, кога жените ќе го направат тоа, тогаш сите стануваат критички настроени.“
Џон Леџенд
„Сите мажи би требало да бидат феминисти. Доколку мажот се грижи за правата на жената тогаш светот ќе биде подобро место за живеење.“
С. У. | Црнобело