Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што значи секоја тетоважа на Анџелина Џоли?

Анџелина Џоли има вкупно 20 тетоважи кои ѝ се познати на јавноста. Позади секоја тетоважа стои огромно значење и искуство. 

znacenjeto-pozadi-tetovazite-andezelina-dzoli-1

Нејзината љубов кон тетоважите е огромна, но мисли дека нејзините деца сè уште се премали да имаат тетоважа, но дека сепак нема да знае како да им каже не кога еден ден ќе побараат.

Географски координати

На рамото таа има истетовирано географски координати за местото каде првпат нејзините деца влегле во нејзиниот живот.

• Првата е место во Камбоџа, каде нејзиниот најголем син Медокс е роден.
• Втората е место во Етиопија каде Захара е родена.
• Третата е место во Намибиjа каде таа ја роди нејзината прва ќерка со Бред Пит, Шајло.
• Четвртата е место во Виетнам каде нејзиниот син Пакс е роден.
• Петата и шестата се место во Франција каде се родени нејзините близнаци Вивиен и Нокс.

znacenjeto-pozadi-tetovazite-na-andzelina-dzoli-2

Тетоважа со крст

Тетоважата со крст до неа има израз на кој пишува: Она што ме храни, истовремено ме уништува. Тетоважата на латински гласи : Quod me nutrit, me destruit. Симболиката на оваа тетоважа е дека тоа што го мотивира и го води човекот низ животот исто така може да го уништи однатре.

znacenjeto-pozadi-tetovazite-na-andzelina-dzoli-3

Тетоважата „Know your rights“

Во превод: „Знај си ги правата“. Тетоважата е наслов на песна од еден од нејзините омилени музички бендови.

znacenjeto-pozadi-tetovazite-na-andzelina-dzoli-4

Тетоважа во рунски фонт

Буквата Х, која се вели дека ја направила во чест на нејзиниот брат Џејмс Хавен.

znacenjeto-pozadi-tetovazite-na-andzelina-dzoli-5

Будистичка тетоважа на јазикот Пали

Тетоважата е направена како молитва да ги заштити неа и нејзиниот син Медокс од лоша среќа. Значењето на тетоважата е: Нека твоите непријатели бегаат од тебе. Ако добиеш богатсво нека остане твое засекогаш. Твојата убавина нека биде како таа на Апсара. Каде и да одиш, многу ќе дојдат, ќе те служат и ќе те заштитуваат, опкружувајќи те од сите страни.

znacenjeto-pozadi-tetovazite-na-andzelina-dzoli-6

Бенгалски тигар

На долниот дел на грбот таа има истетовирана голем бенгалски тигар. Тетоважата ја направила во Бангкок и тетовирањето траело два часа. Тетоважата ја направила да го прослави своето државјанство во Камбоџа и е направена во традиционален Таи стил.

znacenjeto-pozadi-tetovazite-na-andzelina-dzoli-7

Тетоважа на арапски

Тетоважата на арапски значи одлучност. Се наоѓа на десната рака веднаш под зглобот.

znacenjeto-pozadi-tetovazite-na-andzelina-dzoli-8

Бројот 13

Таа го истетовирала бројот 13 со римски бројки за да покаже дека не е суеверна.

znacenjeto-pozadi-tetovazite-na-andzelina-dzoli-9

Молитва за тие што се со бурно срце

Цитат од Тенеси Вилијамс на кој пишува: Молитва за сите што имаат бурно срце а се затворени во ќелии. Тетоважата има голема симболика за Анџелина која вели дека никој неможе да биде потполно слободен или да биде тој кој што сака да биде, секоја секунда од денот. Дека се што ни прави да се чувствуваме удобно е во иста време ќелија која не затвара и не ни дава да бидеме слободни.

znacenjeto-pozadi-tetovazite-na-andzelina-dzoli-10

Буквата М

Во чест на нејзината мајка, Марчелин, таа ја истетовирала буквата М на нејзината дланка.

znacenjeto-pozadi-tetovazite-na-andzelina-dzoli-11

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Имаше проблеми со зависност, ќерка ѝ почина веднаш по породувањето: Факти за Хуанита од „Очајни дома... „Имаше луѓе кои пишуваа коментари дека посакувале да умрам поради начинот на кој...
Родена е во Шпанија, ја мрази скиентолошката црква – Факти за градоначалничката на Париз „Јас сум функционер избран од народот, а не модел“, изјави Ен Идалго, градоначал...
15 забавни цитати за тетките (малку ‘лудата’ тетка е најзабавна) „Можеби не сум родител, но како тетка, имам супермоќ: да ги разгалувам децата и ...
8 факти и верувања што покажуваат зошто луѓето со зелени очи се посебни Знаевте ли дека најмногу луѓе со зелени очи се раѓаат во Шкотска, Ирска и северн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg