Ментално аикидо: Како да победите во кавга, без борба?
Конфликтите се нешто со кое секојдневно се соочуваме. Честопати работите знаат да излезат од контрола и некој, навидум бесмислен конфликт, да се претвори во огромна кавга.
Следните техники, познати како „ментално аикидо“ ќе ви помогнат многу полесно и поедноставно да ги решите проблемите, без притоа да создадете кавга.
1. Ако премногу настојувате на борба, тогаш станувате тоа против кое се борите. Преголемата моќност често води кон спротивен резултат.
2. Научете да бидете водени, за да можете да водите.
3. Личноста која ви вика е во афективна состојба, што значи дека свесноста ѝ е на многу ниско ниво. Бесмислено е да се обидувате да разговарате со личност, чиј ум е „исклучен“. Тоа е исто како да се обидувате да разговарате со некој кој спие.
4. Викањето на некој кој вам ви се развикал е исто како да удирате со весло по личност која се дави. Тој или таа и без тоа се дави – во сопствениот бес. Затоа држете се настрана и не им помагајте во лошата постапка.
5. Што правиме кога се чувствуваме лошо? Обвинуваме, викаме и плачеме. Токму затоа, кога некој ни вика треба да имаме на ум дека тој или таа се чувствува лошо.
6. Како да натерате некого да престане да вика? Останете тивки и смирени. Не обрнувајте внимание на нивните зборови, тоа е само нивниот бес и немоќ. Само повторувајте си: „Остани смирен/а. Го можеш ти тоа“.
Тишината има ефект на ладна вода. Додека вашиот соговорник вика, вие само внимателно гледајте во него и слушајте. Дозволете им да ги истурат бесот и да „оладат“.
М. С. | Црнобело