На секој маж му е судено лудо да се вљуби во црвенокоса
Дали сте знаеле дека во минатото жените со црвена боја на косата имале поголеми шанси да бидат запалени бидејќи ги сметале за вештерки, во однос на жените со друга боја на косата?
Природните црвенокоси бројат помалку од 2% од вкупната светска популација, или 2 на секои 100 жени. Неверојатни верувања, митови и факти се поврзани со овие огнени жени.
Природно црвената коса е најретка меѓу луѓето. Во античкиот Рим, црвенокосите имале многу повисока цена за разлика од другите робинки, додека античките Грци верувале дека откако црвенокосите ќе умрат ќе се претворат во вампири. Во древен Египет пак, тие биле закопувани живи како жртви за богот Озирис.
Овој редок пигмент бил инспирација за многубројни цитати, некои смешни, некои застрашувачки, но во принцип црвенокосите се исклучителна група на жени, кои според научниците нема да исчезнат никогаш, иако процентуално нивната бројност забележува опаѓање во последниве декади.
Еве што запишале луѓето за црвенокосите во текот на годините:
1. Црвената коса господине, според моето мислење, е опасна.
2. Еднаш во животот, на секој маж му е судено лудо да се вљуби во црвенокоса.
3. Таа беше жена со црвена коса и зелени очи, карактерни црти кои наводно Сатаната ги сака најмногу кај смртните жени.
4. Црвенокоси. Ние сме ограничена колекција жени која изнудува фасцинација. Уникатна и ретка мешавина на убавина.
5. Џентлмените можеби преферираат русокоси, но потребен е вистински маж да се справи со црвенокоса.
6. Надвор од пепелот се издигнувам со мојата црвена коса и ги јадам мажите како воздух.
7. Ние црвенокосите сме малцинство, па имаме склоност да се забележуваме една со друга и да го забележува својот идентитет.
8. Доколку сакате неволја, најдете си црвенокоса девојка.
9. Русокосите девојки ги забележуваат, но црвенокосите никогаш не ги забораваат.
10. Во Русија никогаш не постоела светица со црвена коса.
(О)Милена | Црнобело