6 начини да дознаете кои од пријателите ви се вистински пријатели

Среќата и добросостојбата се нешто кое зависи од нас самите. Колку повеќе очекуваме од другите да ни го пружат тоа, толку се поголеми шансите да се разочараме.

6-nacini-da-doznaete-koi-od-prijatelite-vi-se-vistinski-prijateli-01

Сепак во нашиот живот постојат голем број на луѓе кои нè сакаат и се грижат за нас.

Семејството и пријателите се нешта кои секогаш треба да ги чуваме бидејќи без нив би се чувствувале многу осамено.

Сепак, како што поминуваат годините кругот на пријатели постојано ни се стеснува, пред сè заради изневерената доверба од лицата кои сме ги сметале за пријатели.

Следните 6 начини ќе ви помогнат да дознаете кои се луѓето на кои можете да се потпрете во секое време:

6-nacini-da-doznaete-koi-od-prijatelite-vi-se-vistinski-prijateli-2-1.jpg

Луѓето кои навистина се грижат за вас и ве поддржуваат во вашите одлуки ќе ви го докажат тоа не само со зборови туку и со дела. Ако тие се тука само на збор тогаш навистина е време да се тргнете од таквите личности.

6-nacini-da-doznaete-koi-od-prijatelite-vi-se-vistinski-prijateli-2-2.jpg

Најголемиот подарок кој можете да му го дадете некому е вашето време. Според тоа, луѓето на кои навистина им значите ќе најдат време да ви се јават или да седнат и поразговараат со вас, без оглед колку се зафатени и колку многу обврски имаат.

6-nacini-da-doznaete-koi-od-prijatelite-vi-se-vistinski-prijateli-2-3.jpg

Вистинските пријатели се оние кои ќе се радуваат заедно со вас на вашите успеси, но ќе бидат тука за вас дури и во моментите кога ќе се чувствувате потиштено и тажно. Тие ќе бидат вашата потпора во тешките моменти и ќе тагуваат заедно со вас, цврсто држејќи ве и не дозволувајќи да паднете.

6-nacini-da-doznaete-koi-od-prijatelite-vi-se-vistinski-prijateli-2-4.jpg

Без оглед колку пати ќе „паднете“ пред да станете личноста која отсекогаш сте сакале да станете, вашите вистински пријатели ќе бидат тука за да ве потсетат дека и вие сте само човек кој има своја „темна страна“ исполнета со стравови, сомнежи, неверување и несигурност како и секој друг на овој свет.

6-nacini-da-doznaete-koi-od-prijatelite-vi-se-vistinski-prijateli-2-5.jpg

Вистинските пријатели се оние кои ве сакаат такви какви што сте. На никој начин не се обидуваат да ве контролираат или променат бидејќи тие знаат дека најважното нешто за секој човек е да се чувствува удобно и прифатено онаков каков што е.

6-nacini-da-doznaete-koi-od-prijatelite-vi-se-vistinski-prijateli-2-6.jpg

Вистинските пријателства се оние кои ве поттикнуваат постојано да работите на себе, како би станале многу подобра личност, пред сè, за самите себе, а потоа и за вашите пријатели и остатокот од светот. Вистинските пријатели се оние кои ве охрабруваат да ги следите сопствените соништа и да не се откажувате, бидејќи само на тој начин ќе успеете и ќе станете личноста за која отсекогаш сте сонувале.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
„Мурго и коската“ и уште 4 кратки раскази на Толстој кои носат големи мудрости Сите знаеме кој е Лав Николаевич Толстој, но дали знаете дека освен долги романи...
Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg