Мали работи кои значајно ќе го подобрат вашиот живот

Брзајќи да ги исполниме сите обврски кои ги имаме за дадениот ден честопати забораваме на самите себе и обврската да си посветиме внимание на себеси.

10-mali-raboti-koi-znacajno-kje-go-podobrat-vasiot-zivot-01

Брзото темпо едноставно како да нè направи зависници од технологијата, па дури ни семејниот ручек не може да помине без брзо проверување на телефонот, како да постои нешто кое навистина не може да почека половина час.

На крајот од денот уморни легнуваме во креветот ветувајќи си дека утре ќе најдеме време да се јавиме на баба/дедо, конечно да седнеме на кафе со пријателката со која се договараме со недели... за на крај и следниот ден да биде потполно ист со денешниот.

Луѓето велат дека и најдалечното патување започнува со само еден мал обичен чекор, а токму затоа ако сакате да го промените вашиот живот, следните 10 мали работи се одличен начин од каде да почнете.

1. Испланирајте го денот наутро.

2. Уживајте во појадокот без постојано да го проверувате вашиот телефон.

3. Насмевнете се кога ќе застанете пред огледалото.

4. Одвојте барем 15 минути во денот за да прочитате некоја книга.

5. Одвојте 10 минути за медитација.

6. Разговарајте со некој член на семејството или пријател за проблемот кој ве мачи веќе подолго време.

7. Направете една интересна фотка за нешто што ви го привлекло вниманието тој ден.

8. Напишете ги на лист хартија работите кои ве прават среќни.

9. Напишете ги на друг лист работите кои ве прават несреќни и размислете зошто е тоа така и како можете да ги промените.

10. Гушнете силно некој ви значи многу без посебна причина.

М. С. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
На секој крузер има мртовечница и уште 6 факти што ќе ви го расипат денот Знаевте ли дека постои болест која може да ве натера да мислите дека сте мртви? ...
Психолошки факти кои ќе ви разјаснат многу работи за нашето однесување Знаевте ли дека кога зборуваме странски јазик, настојуваме да си го менуваме кар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg