7 факти за македонската уметност кои можеби не сте ги знаеле досега
Љубовта кон домашната уметност е бесценета и секој треба да знае барем неколку основни податоци. Македонија може да се пофали со одлична литература и музика, но и кинематографија и фотографска уметност.
Дали знаевте дека Никола Ристановски е нашиот најнаградуван македонски актер?
Прочитајте ги овие 7 интересни факти за македонска уметност и збогатете го вашето знаење:
1. Првиот објавен роман на македонски јазик е „Село зад седумте јасени“ на Славко Јаневски, отпечатен во 1952-ра година. Но, интересен податок е дека првиот напишан роман бил „Крпен живот“ на Стале Попов, но авторот не бил во можност да го издаде навремено.
2. Претставата „Солунски патрдии“ на Коле Ангеловски е најизведуваната претстава во „Драмски театар“ во Скопје со над 330 изведби.
3. „Триангл“ се првата македонска рок група која издала рок песна на винил плоча на македонски јазик, односно сингловите со наслов „Дозволи ми промена“ и „Глинено око“, во издание на некогашната дискографска куќа „Југодиск“. Тие се и првата македонска рок група која во својата авторска музика вметнува етно елементи и македонски фолклорни мотиви.
4. „Фросина“ e првиот македонски игран филм по сценарио на Владо Малески, а во режија на Воислав Нановиќ, Премиерно прикажан на 28 јуни 1952-ра година во скопското кино „Култура“,снимен во црно-бела техника во времетраење од 79 минути.
5. Никола Ристановски е најнаградуваниот македонски актер, со над 30 награди. Најмногу соработувал со Александар Поповски (10 претстави и 3 филма), а најмногу настапи има во преставата „Буре барут“.
6. Автор на првиот македонски анимиран филм „Embrion № M“ од 1971-ва година е Петар Глигоровски, македонски сликар и режисер на анимирани филмови.
7. Првиот светски златен медал во македонската фотографија им припаѓа на браќата Манаки, кои ја освоиле главната награда во 1906 година во романскиот град Синаја на светската изложа на фотографии, претставувајќи се со своја колекција.
(O)Милена | Црнобело